Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на “Илинденски марш” 2015 од Охрид до Крушево
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ќе учестуват на “Илиндески марш” со тројца преставници. Благодарение на здружението на граѓани „Христо Узунов“ од Охрид и годинава ќе има преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо на “Илиндески марш”. Илинденски марш од Охрид до Крушево ке почне на 28 Јуни 2015 година со традиционалната молитва во црквата “Света Троица“ во населбата “Радојица Новичиќ“ во 17 часот, а поаѓањето ке биде на 29 јули 2015 година во 03 часот од улицата “Железничка“ Охрид. Илинденскиот марш го одбележува Илинденското востание во 1903 година, маршрута ке почне од Охрид преку Куратица, Дебрца, Илинскиот крај, Брезово и до Крушево, ќе пропешачат до легендарниот “Мечкин Камен“ во Крушево каде на 2 Август ќе присуствуваат на централната свеченост, ќе бидат составен дел и на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република“.
www.ilinden-tirana.com