Соопштение: До медиумите
Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на македонците надвор од Република Македонија да гласат за претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората. За нас, предлогот за одземање на правото на глас на македонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на македонците надвор од Република Македонија. Бидејќи ние македонците надвор од Република Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија мора да продолжат да ги ужива право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.
Македонско друштво “Илинден”–Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
www.ilinden-tirana.com