Честитка од Македонска Алијанса за приемот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ФУЕН

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски во врска со приемот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности ФУЕН. Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на ФУЕН за прием на Македонското друштво Илинден од Тирана како полноправен член на оваа исклучително важна Асоцијација. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Илинден е првото друштво на Македонци кое дејствува надвор од Татковината, кое станува рамноправен член на ФУЕН. Земајќи предвид дека зад организацијата на Конгресот на ФУЕН стои една од најмоќните Европски држави-Германија, оваа одлука треба да биде искористена како дополнителен мотив кај сите Македонци во регионот. Полноправното членство на Илинден во ФУЕН е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците кои живеат надвор од границите на Татковината е чесна, праведна и остварлива. Уште повеќе што одлуката е донесена на Конгрес кој се одржа територијата на Егејска Македонија, каде нашите браќа и сестри Македонци, благодарение на националистичката политика на официјална Атина не можат да го остварат ниту своето универзално право на самоопределување. Тоа е силна порака и до политичките елити на нашиот јужен сосед кој не сакаат да ја прифатат реалноста дека постои Македонски народ. Присуството на голем број на малцинства од 20 Европски земји на Генералното Собрание на ФУЕН, кои гласале за членството на “Илинден” -Тирана, се своевидни лобисти за подобрување на положбата на Македонците. Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот за Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува понатаму. Македонската Алијанса ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонското друштво “Илинден” -Тирана, како и на сите останати организации, партии или медиуми на Македонците во Албанија, регионот и светот со кои заедно ја биеме битката за заштита на Македонскиот идентитет. Основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во државните институции, стипендии за Македонските студенти достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик, останува предуслов за силна и економски просперитетна Татковина.
Македонска Алијанса
Претседател г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
www.ilinden-tirana.com











