vestimk

Почина Вело Цфарку еден најголемите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо (1935 – 2020)

На 85-годишна возраст во Тирана почина Вело Цфарку, познат интелектуалец, учител, новинар, собирач на македонскиот фолклор и традиции од Голо Брдо. Цфарку беше долгорочен активист на Македонците од Голо Брдо, автор на неколку книги, статии. Со неговите дела помогнал многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традици за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

Вело Цфарку роден е 1935 година во село Ѓиновец областа Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во областа Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во областа Голо Брдо. Авторот Вело Цфарку има значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Книгите ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се “Голо Брдо во оптиката ан времето” 2007 година “Еден живот со Дибраните” 2011 година “Голобрдски Фоклор 1” 2009 година помогнал “Словенските Малциства во Албанија“ од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули, помогнал за книгата монографија за “Врница” и “Врница оптиката на времет” на автор Павли Никола “Втор дел Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште” издавач Ото Сагнер Минхен Германија 2008 година.

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана во 2016 година му додели Благодарницата “Илинден” за особен придонес за Македонското национално малциство во Република Алабнија и придонес за Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана. Во име на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана изразуваме најискрено сочувство кон семејството, блиските и пријателите на Вело Цфарку.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св.Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2020 година. Сите сте добредојдени.

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи почесната награда „Илинден” на пратеникот и претседател на МАЕИ Васил Стерјовски

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во просторите на албанскиот парламент се сретна со пратеникот и претседател на Македонска алијанса за евопска интеграција, Васил Стерјовски, и лично му ја врачи почесната награда „Илинден”. Чест ми беше да се сретнам со Стерјовски, единствениот пратеник од МАЕИ во албанскиот закондавен дом и голем борец за правата на Македонците,со кого имавме срдечна средба. Му ја врачив наградата „Илинден“ што годинава, по повод 11- годишнината од формирањето на друштвото му ја доделивме, изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата на Стерјовски му е доделена за неговите активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет и правата на македонската заедница во Албанија. Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во унапредување на правата и подорување на условите за живот на Македонците. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест што е поттик повеќе да продолжам во мојата мисија, рекол меѓу другото Стерјовски. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Годинава наградата освен Стерјовски ја доби и Проф. Д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје. По повод денот на формирањето, друштвото додели и пет багодарници на поединци и институции. Македонското друштво “Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод Илинден упатија честика до сите Македонци. Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковина Македонија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Курбан Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

ФУЕН спроведе истражување за почитувањето на правата на малциствата во време на СОVID-19 опфатено и Македонското малцинство во Албанија

Федералната Унија на Европски националности (ФУЕН) спроведе истражување за да се анализира во која мерка комуникацијата на јазиците на малцинствата ја обезбедуваат различни засегнати страни во земјите-членки на Европската унија, како и меѓу членовите на ФУЕН. Интернет прашалникот се фокусираше на достапноста на информации поврзани со КОВИД-19, здравствени услуги поврзани со појава на појава, постоење на телефонска линија за итни случаи на малцински јазик и образование на мајчин јазик. Истражувањето беше завршено за 43 малцински групи во 25 европски земји, во истражување беше опфатено и Македонско друштво “Илинден”-Тирана како преставник на Македонското национално малциство во Албанија. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана од 16. 05. 2015 година е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Цел исвештај може да прочитате овде.

Македонците во Албанија целосно го поддржуваат барањето на МАЕИ за загарантирани места за малцинства во парламентот

Во име на сите Македонци во Албанија, нивните друштва предводени од Заедницата на Македонците, преку заедничко соопштение искажаа целосна подршка за барањето на единствената македонска партија во оваа земја, Македонска алијанса за европска интеграција и иницијативата на пратеникот Васил Стерјовски, во Изборната реформа малцинствата да имаат загарантирани места во парламентот на Албанија. Искажуваме целосна и безрезевна подршка, зашто никој подобро не може да ги претставува малцинските етнички заедници во законодавниот дом на Албанија, како што тоа ќе го прават нивните пратеници. И никој не може подобро да ги брани и адресира проблемите на малцинските етнички заедници во албанското општество од самите нив, стои во заедничкото соопштение. Очекуваат Парламентот на Албанија да ја прифати иницијативата за гарантирани пратенички мандати на малцинските етнички заедници и во таа смисла ги поздравуваат напорите на пратениците за постигнување на таа цел. Сметаат дека Македонците во Албанија треба да имаат пратеник во Парламентот и министер или заменик министер во Владата на Албанија. Исто така сметаме дека македонско – албанските билатерални односи треба да се градат на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира взаемно разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес. Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија како гаранција за еднакви меѓу еднаквите и рамноправни со рамноправните, се наведува во заедничкото соопштение. Соопштението е потпишано од Заедницата на Македонците, македонско друштво „Илинден“-Тиранa, организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, етно-културното друштво “Гора” ,политичко – културното друштво “Мир”, како и македонските друштва „МЕД“ (Македонско – егејско друштво), „Мост”- Требиште, област Голо Брдо и „Прегор”-Подградец.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство правото на глас на предвремните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија да го остварат во Република Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство правото на глас на предвремните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија да го остварат во Република Македонија на гласачките места според последната адреса во место на живеење. Имајќи го предвид соопштението на Државната изборна комисија, дека изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија, надвор од нејзината територија нема да се одржат во дипломатско-конзуларните претставништва, Македонското друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија кои имаат македонско државјанство правото на глас на 15 јули 2020 година да го остварат на избирачките места според последната пријавена адреса во место на живеење во Република Македонија!

Ѓурѓај: Учестуваше на работен состнаок преку Интернет на работната група на словенските малцинства во ФУЕН 

Работната група на словенските малцинства во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ја одржа својата прва средба преку Интернет. Бидејќи РГСМ не успеа да се сретне уште од семинарот на словенските малцинства во Блејбург / Плиберк, Австрија, во ноември 2019 година, поради пандемијата COVID-19, беше организирана и онлајн состанок. Речиси половина од сите членови ја прифатија поканата, така што 13 организации членки беа присутни преку нивните претставници. Ангелика Млинар, претседател на работната група на словенските малцинства (РГСМ) во ФУЕН и потпретседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ја отвори средбата со поздравување и презентација на тековната состојба. На агендата беше размената на мислења за актуелната состојба во време на коронавирус и ефектите врз словенските малцинства, како и за тековните и идните активности на РГСМ. Покрај другите, во работа на состнаокот преку интернет учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. Новата брошура и почетната страница на РГСМ беа подетално презентирани, како и плановите за претстојниот Семинар на словенските малцинства и ФУЕН Конгрес 2020 (доколку ситуацијата СОВИД-19 ги ​​дозволи овие настани). Генералниот секретар на ФУЕН, Ева Пензес, подетално ги објасни можностите и предизвиците. Некои малцинства објавија исклучително тешка состојба како последица на пандемијата COVID-19, што веќе го покажа истражувањето на ФУЕН? ФУЕН и РГСМ би сакале да го коментираат ова во иднина. Сите со нетрпение го очекуваме следното (се надеваме лично) обединување! Македонско друштво ”Илинден” од Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо пред да почнат врнежите од снег. Бидејќи граничниот премин работи со ограничено време и им создаваше големи проблеми во комуникацијата.