Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство правото на глас на предвремните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија да го остварат во Република Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија кои имат македонско државјанство правото на глас на предвремните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија да го остварат во Република Македонија на гласачките места според последната адреса во место на живеење. Имајќи го предвид соопштението на Државната изборна комисија, дека изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија, надвор од нејзината територија нема да се одржат во дипломатско-конзуларните претставништва, Македонското друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија кои имаат македонско државјанство правото на глас на 15 јули 2020 година да го остварат на избирачките места според последната пријавена адреса во место на живеење во Република Македонија!