Ознака: <span>Македонското друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонското друштво ”Илинден”-Тирана рамноправен партнер во проектот „Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 година

Во рамките на проектот “Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital – EYC 2022) и титула со која Тирана се здоби за 2022 година, Националниот младински конгрес од Албанија во соработка со градската власт на  Тирана ја промовираше веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни идеи и разбирање на европските перспективи и вредности. Минатата година во Амиен, Франција, престижното меѓународно жири едногласно ја прогласи Тирана за Европски младинска престолнина за 2022 година. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана e член на Националниот младински конгрес од Албанија од 2015 година и еден од подносителите на апликацијата „Тирана – европска младинска престолнина за 2022 година„ со што рамноправно се смета за еден до иницијаторите за Тирана да стане домаќин и носител на оваа европска титула. На официјалната веб-страница „Тирана – европска младинска престолнина – 2022 година„ покрај другите организации-партнери се наоѓа и логото на македонското друштво ”Илинден”-Тирана со кратка информација за друштвото. Титулата „Европска младинска престолнина“ ( анг. European Youth Capital, или попознат под скратеницата EYC) е проект започнат од 2009 година на предлог-иницијатива од Европскиот младински форум (European Youth Forum) меѓународна невладина организација со седиште во Брисел. Првата титула Европска младинска престолнина (EYC) беше доделена на градот Ротердам од Холандија во 2009 година.

Честитка од Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Македонското друштво „Илинден”-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упати честитка до припадниците на македонскато национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонскато национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчинот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции,стои во честитката. Се нагласува и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што стои, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови  – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според проценка на македонските организации во земјата, но за жал во 21 век, само во Мала Преспа, имаат право на овразование на мајчин јазик, наведува друштвото. Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале обрзование на мајчин јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но позитивен одговор нема.

Честитка за Божик од Македонското друштво „Илинден”-Тирана

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски Г.г. Стефан и до сите православни верници. Дозволете од мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонци кои живат во Албанија, Вам лично, на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Мир божји, Христос се роди,- стои во честитката на македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана г-дин Ламбе Шатровски го назначи за генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија г-дин Ламбе Шатровски

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 24.11.2020 година донесе одлука да назначи за генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија г-дин Ламбе Шатровски. Г-дин Ламбе Шатровски е роден во Пасинки областа Голо Брдо, Основно заврши во родното место гимназиско образование има завршено во Скопје. Од 2010 година г-дин Ламбе Шатровски е член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана и од 2015 година дописник на Македонски весник “Илинден”, активист на Македонско национално малциство во Албанија. Во 2020 година е добитник на Благодарницата “Илинден” по повод 10 годишнината на Друштвото. Македонското друштво “Илинден“- Тирана и посакува успех како генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија.

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана побара од премиерот Заев да се заложи одлуката за преминот Џепиште – Требиште што поитно да се спроведе

Македонското друштво „Илинден“ -Тирана, испрати барање до премиерот на Македонија, Зоран Заев, да се заложи што е можно поитно граничниот премин Џепиште – Требиште, кај Дебар да премине во премин од регионален карактер, кој ќе функционира 24 часа. Друштвото потсетува дека граничниот премин Требиште-Џепиште, кај Дебар, кој беше отворен во 2013 година, е од локален карактер, со заедничка албанско-македонска полициска контрола и можат да минуваат само жители на пограничните области на двете земјим и тоа од 8:00 до 20:00 часот во летниот и од 8:00 до 18:00 часот во зимскиот период. Господине премиере, Владите на Македонија и Албанија, на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесоа одлука според која, граничниот премин Џепиште -Требиште требаше да работи 24 часа. Како друштво кое живо се интересира за резултатите од билатералната македонско-албанска соработка, ја поздравивме одлуката. Но, до денес истата не е спроведена. Поради тоа Ве замолуваме да се застапите за реализирање на одлуката, со што ќе се надмине еден голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо,стои во барањето. Се додава дека поради тоа што граничниот премин работи со ограничено време се создаваат големи проблеми во комуникацијата меѓу Македонците од македонската и Македонците од албанската страна на преминот. Доколку се реализира веќе донесената одлука и преминот почне да функционира со 24 часовно работно време многу ќе им се помогне на Македонците од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, но и пошироко, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе се овозможи и туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини, наведува друштвото во барањето испратено до премиерот Заев.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда за одлука на Бугарскиот Парламент

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја смета за провокација во континуитет, вчерашната одлука на Бугарскиот Парламент за преименување на 24 Мај од “Ден на словенската писменост“ во “Ден на бугарската писменост“ со барање до Европската Унија “кирилицата да биде призната како бугарска азбука“! Тоа е провокација, не само кон Македонија туку и кон останатие држави со население со словенски корени. Македонско друштво „Илинден“-Тирана потсетува, дека во науката е прифатено дека основата на старословенскиот јазик се македонските говори од околината на Солун, а првото словенско писмо напишано од светите солунски браќа Македонците, Кирил и Методиј е глаголицата! Старословенскиот јазик е старомакедонскиот јазик! Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација отфрла заедничка прослава на значајни датуми, настани и личности кои Софија ги смета за Бугари и бугарски, а за тоа дури бара патент од Европската Унија! Македонско друштво „Илинден“-Тирана потсетува на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин на 24 мај 2017 година при посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Москва: “Денес во Русија се празнува Денот на словенската писменост, а писменоста во Русија дојде од македонската земја!“ Македонците по род во Албанија, во светот и татковината, ја отфрлаат новата “политичка историја“ за македонскиот народ и за Македонија, со која Бугарија и Грција вршат обиди Македонија од држава да се редефинира во територија без народ и историја чии администратори би биле Атина и Софија! Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ги отфрла бугарскиот и грчкиот геноцид врз македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името на македонскиот народ, јазик култура и историја. Ваквите барања се даваат од членки на едно т.н. европско демократско семејство, а сушност се уцени прикажувани како вредност за „добрососедство и солидарност“ во Брисел и Стразбур со страна на Атина и Софија! Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките истапувања за непостоење на македонскиот народ во целина, како и бугаризирање на македонската историја!

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со г-дин Горан Шумкоски преседавач на Родина – Македонија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, по покана на Родина – Македонија ја посети канцеларијата на Родина во Прилеп и оствари средба со г-дин Горан Шумкоски преседавач на Родина – Македонија. Претседателот Шукоски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на Македонско национално малциство во Албанија. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу македонското друштво “Илинден”-Тирана и Родина – Македонија како субјект што ке се залага за Македонското национално малциство во сосество.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 8-ми септември денот на независноста на Македонија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонското друштво “Илинден“- Огранокот Голо Брдо до сите Македонци каде и да се, упати честитка по повод осми септември, Денот на независноста на македонската држава. Во неа се наведува дека со „прогласувањето на независноста на Република Македонија, точно пред 29 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонувале“. Денешниот ден потсетува на предизвиците што македонската нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Честит да ни е 29 роденден на нашата матична земја, Република Македонија. Да е вечен, да го почитуваме и славиме овој голем ден,- стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи почесната награда „Илинден” на пратеникот и претседател на МАЕИ Васил Стерјовски

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во просторите на албанскиот парламент се сретна со пратеникот и претседател на Македонска алијанса за евопска интеграција, Васил Стерјовски, и лично му ја врачи почесната награда „Илинден”. Чест ми беше да се сретнам со Стерјовски, единствениот пратеник од МАЕИ во албанскиот закондавен дом и голем борец за правата на Македонците,со кого имавме срдечна средба. Му ја врачив наградата „Илинден“ што годинава, по повод 11- годишнината од формирањето на друштвото му ја доделивме, изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата на Стерјовски му е доделена за неговите активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет и правата на македонската заедница во Албанија. Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во унапредување на правата и подорување на условите за живот на Македонците. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест што е поттик повеќе да продолжам во мојата мисија, рекол меѓу другото Стерјовски. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Годинава наградата освен Стерјовски ја доби и Проф. Д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје. По повод денот на формирањето, друштвото додели и пет багодарници на поединци и институции. Македонското друштво “Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара од албанската влада финансиска подршка за граѓанските организации

Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара во економските мерки на Владата на премиерот Еди Рама, за ублажување на последиците од од пандемијата со Ковид-19, да бидат опфатени и граѓанските организации. Исто така се бара и ослободување од плаќање локални даноци и други давачки. Во писмото доставено до Комитетот на експерти за справување со Ковид-19, кое доставува предлози до владата, друштвото наведува дека,се наоѓа во финансиски потешкотии поради пандемија и бара од Комитетот на експерти во Министерството за здравство да го разгледа ова барање. „Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од Министерството за здравство и социјална заштита и Техничкиот комитет на експерти за мерки против Ковид-19 да ги вклучат и граѓанските асоцијации во економски пакети на Владата и ослободување од плаќање на локалните даноци, бидејќи како резултат на пандемијата граѓанските организации имаат финансиски проблеми. Во врска со горенаведеното, бараме разгледување на ова барање на првиот состанок на техничкиот комитет на експерти и очекуваме разбирање и позитивен одговор, стои во барањето на Македонското друштво „Илинден”-Тирана. Македонското друштво „Илинден”-Тирана и органокот во Требиште, Голо Борд главната мисија е заштита на етничкиот, културниот, верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувувањето на јазикот и образованието на мајчин јазик на македонското малцинство.