Ознака: <span>Македонското друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонско друштво „Илинден“-Tирана упати честитка по повод изборот на Архимандрит Партениј за нов епископ на МПЦ-ОА

По едногласниот избор на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, за нов епископ во МПЦ – ОА, и понатаму приситигнуваат честитки од научни работници, здруженија, друштва, месни заедници и многубројни поединци од земјава и од странство. Меѓу низата со честитки е и онаа на претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во свое и во име на друштвото и сите Македонци во Албанија наведува дека со посебна радост ја примиле веста за неговиот избор. „Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво „Илинден” -Тирана, и од името на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за нов епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Ви посакуваме како и до сега, честа и достоинственоста да ве следат и постојано да сте со нас,-стои меѓу другото во честитката. Посебна радост, како што се наведува, чувствуваат поради одлуката отец партенииј и понатаму за остане во Бигорскиот манастир. „Ви испраќаме изрази на наше длабоко почитување и благодарност за досегашниот ваш влог во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзините македонски верници и помошта и подршката за божјите храмови во селата каде што живеат Македонци, се наведува во честитката.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудува нај новата провокацијата на Бугарската академија на науките

Македонското друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува најновата провокација на Бугарската академија на науките со новата книга “За официјалниот јазик на Северна Македонија” да се нарекува Северно македонски бугарски јазик. Ниту Македонците се Бугари, ниту Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик! Македонското друштво “Илинден”-Тирана со индигнација го отфрла антимакедонизмот на Владата во Софија и Бугарската академија на науките со вакви книги, во кои повторно пласира една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик! Со своите скандалозни книги, Бугарската академија на науките потврдува дека воопшто не го заслужува местото во европските академи за науки. Однесувањето на Бугарската академија на науките кон Македонскиот народ и Македонците воопшто е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика од времето на Санстефанска Бугарија од 1878 година. Иронијата да биде поголема, Софија денес “се бори” против руското влијание во Бугарија, заборавајќи дека и државата Бугарија и “Санстефанска Бугарија” се производ на Руската Федерација! Македонците во Албанија отсекогаш биле Македонци, Македонците во Албанија никогаш не биле и нема да бидат Бугари!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“

Во врска со пандемијата со коронавирусот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Албанија да не излегуваат од домовите да се придржуваат кон мерките и превентивите од владата и истите да ги почитуваат! Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19, не излегувате од дома, со тоа ќе ги спречите сериозните здравствени ризици по Вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите! Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризична состојба вашето здравје и здравјето на другите! Ве молиме да ја сочувате смиреноста и да ги почитувате и применувате правилата за хигиена на највисоко ниво! – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од денес е со обновен веб портал

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од денес е со обновен веб портал www.ilinden-tirana.com. Веб платформата е создадена во почетокот на 2013 година и обезбедува информации за Македонското друштво “Илинден”-Тирана и за Македонците во цела Албанија. Содржината на веб порталот е обновена со повеќе информации. Македонското друштво “Илинден”-Тирана е друштво на македонското национално малцинство во Албанија, формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана. Друштвото се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија.