Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 8-ми септември денот на независноста на Македонија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонското друштво “Илинден“- Огранокот Голо Брдо до сите Македонци каде и да се, упати честитка по повод осми септември, Денот на независноста на македонската држава. Во неа се наведува дека со „прогласувањето на независноста на Република Македонија, точно пред 29 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонувале“. Денешниот ден потсетува на предизвиците што македонската нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Честит да ни е 29 роденден на нашата матична земја, Република Македонија. Да е вечен, да го почитуваме и славиме овој голем ден,- стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.