Ознака: <span>Македонското друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни верници во Македонија за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение и Ви посакам честит и благословен Велигден, благосостојба на нашата татковина Македонија и радост во срцата на сите Македонци во земјата, регионот и во светот, стои во честитканата на Македонското друштво “Илинден“-Тирана потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај. 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла

Македонското друштво “Илинден“-Тирана достави барање до Комитетот за национални малцинства на Албанија, да постави повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Во барањето доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, бараме таблата пред институцијата да биде повеќејазична, односно освен на албански и англиски името на институцијата да биде и на македонски и на јазиците на другите национални малцинства. Потсетуваме дека тоа веќе го направија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, изјави за Македонски весник “Илинден“, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Се надеваме дека барањето ќе биде разгледано и прифатено, додава тој, и нагласува дека тоа е доставено и до другите две споменати институции, заради запознавање.

Како друштво по смената на еднојазичните со повеќејазични табли на споменатите две институции, оваа нивна одлука ја поздравивме и искрено се надеваме дека ваков чекор ќе преземе и Комитетот. Во барањето наведуваме дека Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано во судот во Тирана на 6 февруари 2009 година и оти неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, додава Ѓурѓај.

Комитетот за национални малцинства е владин орган, во кој членуваат претставници на националните малцинства, а претседателката Бежани е претставник на грчкото малцинство.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2023 господово лето, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија, информираше за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

Централната изборна комисија по реакцијата на Македонското друштво “Илинден“-Тирана го коригира плакатот и сега стои македонското национално малцинство

По реакциaта на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Централната изборна комисија го коригира постерот на македонски јазик именувајќи како македонско национално малцинство, како што официјално се признава во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана упатува благодарност за брзо решавање од Централната изборна комисија.

Македoнскиот весник “Илинден” достапен во Националните библиотека на Албанија и Македонија

Формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на 6 февруари 2009 година беше исклучителен предизвик за Македонците во Албанија, особено за жителите во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник. Во текот на неговата работа се појави потреба за информирање на членството и поддржувачите на Друштвото, кое стана препозналив заштитник и промотор на македонската традиција, култура и историја во Република Албанија.

Поради тоа, во највисоките кругови на Македонското друштво “Илинден“-Тирана беше донесена Одлука за издавање на весник во кој содржините ќе се однесуваат на работата на Друштвото, а задолжително ќе се објавуваат и статии од науката поврзани со Македонците во Република Албанија. Еден дел од весникот, според потребите треба да се отстапува на информации од секојдневниот живот на Македонците во Република Албанија, а особено во селата од областа Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник.

Согласно Одлуката, првиот број на македoнскиот весник “Илинден” излезе од печат во март 2011 година во Тирана, а во следните години прерасна во гласник за сите активности на Македонците во Република Албанија. Денес, весникот се дистрибуира во областите во Албанија, населени со етнички Македонци: Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и Врбник, како и во поголемите градови во кои живее бројно македонско население како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта, Кукс. Според досегашните реакции на читателите, македонски весник “Илинден“ стана глас за животот, културните и верските обичаи на македонското национално малцинство во Албанија.

Македонски весник “Илинден“ има печатена верзија и е достапен на интернет преку порталот www.vesnik-ilinden.com . За заинтересираните, објавуваме дека сите броеви на македoнски весник “Илинден” се достапни и во Национална библиотека во Тирана, Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, како и во Библотеката на Македонската академија на науките и уметностите, во Библиотеката на Собранието на Република Албанија и во Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”

Редакцијата на македoнскиот весник “Илинден” се заблагодарува на сите досегашни соработници, поддржувачи и приврзаници. Воедно, ги повикува сите заинтереснирани за состојбите на Македонците во Република Албанија, да го користат македoнскиот весник “Илинден” при посетата на спомнатите библиотеки.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви ги честита 28 ноември Денот на независноста на Република Албанија и 29. ноември 1944 – денот на ослободување од наци-фашистичката окупација. Честити празници, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со остра осуда за донацијата на бугарската Амбасада во Општина Пустец

После завршувањето на Втората светска војна биле воспоставени добри односи меѓу југословенската и албанската држава. Врз основа на повеќе билатерални договори, во Албанија му било дозволено на македонското население да учи на мајчиниот јазик. За да се воспостави настава на македонски јазик од страна на југословенската држава биле испратени учители Македонци. Согласно билатералниот договор во однос на наставата, за издавање на решенија за именуваните учители задолжен биле Околиските началници за просвета. Така, за именуваните учители од битолскиот округ задолжен бил Илија Јанкуловски. Решенија за распределба на учители во Албанија со негов потпис добиле:

– Кире Стерјески – назначен за учител во училиштето во с. Пустец од 20 ноември 1944 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1946 година.

– Никола Марковски – назначен за учител во училиштето во с. Шулин од 20 ноември 1944 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1945 година.

– Ристо Стерјовски – назначен за учител во училиштето во с. Горица од 1 септември 1945 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1947 година.

– Томе Тодоровски – назначен за учител во училиштето во с. Туминец од 1 септември 1945 година. Тој останал во училиштето до крајот на 1947 година.

– Никола Беровски Николовски – назначен за учител во училиштето во с.Горица од 1 септември 1945 година. Тој се оженил во Албанија и останал таму до крајот на животот.

Учениците во училиштето ги изучувале наставните предмети: мајчин македонски јазик, сметање, историја, земјопис, природознание, пеење, цртање, фискултура.

Во периодот после Информбирото, македонските учители биле протерани, но изучувањето на мајчиниот македонски јазик продолжило во училиштата во преспанскиот регион. Не е тајна дека македонските деца и денес за прв пат се среќаваат во албанскиот јазик во училиште, бидејќи дома се говори на македонски јазик.

Ваквата вековна состојба никако не им одговара на сонувачите на санстефанскиот сон за Голема Бугарија. Затоа тие почнаа интензивен атак врз Македонците во Албанија за тие да се одродуваат и да се пишуваат Бугари. Во тоа донекаде им успева бидејќи со текот на годините гледаме дека има лица кои со плукаат на мајчиното млеко и се задојуваат со бугарски отрови. Тие се и оние изроди од македонските предци кои најмногу помагаат во „наоѓањето на нови Бугари“ во Албанја.

Тие исти изроди, кои за жал, со лаги, прикривање и измама на македонското население, успеаја да ја добијат нивната доверба и да влезат во раководните структури на единствената македонска општина во Албанија, Општина Пустец.

Токму таму и токму во селата кои погоре ги спомнавме, дниве била во „добродетелска посета“ бугарска делегација. Така „за доброто на Бугарчињата“ делегацијата во придружба на изродите и плукачите по сопствената македонска крв, подарила неколку столчиња и бугарски книги. Секако, сето тоа придружено со помпезни изјави за јавноста и објави на официјалните интернет страна на бугарското Министерство за надворешни работи.

Во оваа прилика, Македонското друштво “Илинден“-Тирана се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи.

Исто така, ја користиме приликава да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги „посетуваат“ Македонците во Албанија да не парадираат пред нив туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Албанија.

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, се наведува во честитката. Честитајќи им го денот, на сите Македонци каде и да се на земјината топка, друштвото потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е „еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот за обнова на македонската државност”. Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства

Македонското друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и земено предвид од Ваша страна, стои во барањето на друштвото.