Ознака: <span>Македонското друштво „Илинден“-Тирана</span>

Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, избран за член на албанскиот Национален совет за граѓанско општество

Македонците во Албанија за првпат добија свој член во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата во 2015 година. По гласањето што беше спроведено онлајн доби Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кој е и единствен претставник од редовите на малцинствата.

Посебна благодарност до сите организации кои гласаа за мене и ме поддржаа јас да бидам член на Советот. Во тригодишниот мандат како припадник на македонското национално малцинство, јас ќе бидам гласот и на другите национални малцинства во Националниот совет за граѓанско општество.

Целта на делување е демократизација, владеење на правото, човековите права и интеграција во ЕУ. Поконретно основната мисија на овој Совет е да гарантира институционална соработка со граѓанските организации во корист и во функција на проширување на демократијата, посочува Ѓурѓај.

Претседателка на Советот е Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита а членуваат и други владини претставници.

Иницијативата за формирање и организирање на Националниот совет за граѓанско општество владата ја презеде, како што стои во одлуката од пред шест години,  по согледувањето на потребите и намерите за приближување на законодавството, но не само во државните структури, туку за уште попрецизно функционирање на граѓанското општество.

Kоординатор на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за регионот Елбасан, Елса Џелили учестуваше на тркалезна маса за малциствата во Елбасан

Во тек е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ во Албанија чија цел е да го зголеми квалитетот на застапеност во избраните тела на локалната самоуправа. Во работата учествуваат Здружението на црногорската заедница заедно со уште 7 други организации. Во рамките на овој проект, на 24 мај 2021 година, во градот Елбасан се одржа тркалезна маса со претставници на сите малцинства што живеат во регионот на Елбасан. Во работата беа обединети различните етнички заедници кои коегзистираат на територијата на општина Елбасан.

Целта на оваа тркалезна маса беше да се потенцира квалитетот на застапеноста на секоја заедница во изброрните тела на локалната самоуправа. Подобрувањето на тој процент би се постигнало со дискусии и можни решенија за тоа. Исклучително квалитетна и продуктивна презентација била подготвена од главниот модератор, професорот Кристак Куме. Тој е поранешен претседател на Централната изборна комисија, исклучителен познавач на изборните прашања и раководител на Изборниот институт.

Проектот ќе се дисперзира низ целата албанска држава, а по неговото завршување особени очекувањата имаат сите партнери, како и донаторите. На оваа тркалезна маса со свој претсавник беше присутно и Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Тоа беше претставено од г-ѓа Елса Џелили, координатор за регионот Елбасан, преку која се запознавме со целите на проектот и неговото значење.

Претставничката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана се обрати пред претседателот Мета (ФОТО – ВИДЕО)

На 21 мај 2021 претседател Илир Мета, организираше со претставниците на малцинствата во Република Албанија, по повод меѓународниот ден за културен дверзитет и дијалог, присуствуваше и делгација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Македонците ги предводеше Елса Џелили, координатор на друшвото за округот Елбасан, која откако топло се заблагодари за можноста да бидат гости кај претседателот Мета, имаше обраќање, во кое ја посочи „тесната поврзаност со матична земја Македонија“.

Ние Македонците во Република Албанија сме тесно поврзани со нашата матична земја-Македонија, имаме заеднички јазик, култура, историја, фолклор, обичаи што се само некои од карактеристиките што ја докажуваат тесната врска меѓу Македонците од Албанија и матичната земја Македонија. Македонското национално малцинство во Република Албанија припаѓа на православната и муслиманската веросповест, рече Џелили.

Додаде дека тие главно е концентрирани во четири етнички области, Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во селото Врбник, Билиша, како и во најголемите градови на Република Албанија, како што се Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер и Патос.

Таа поодделно зборуваше за бројот на населени места каде живеат Македонци.

Во областа Голо Брдо има 21 населено место,во областа Поле, кока се протега од Маќекара до Пешкопеја, наалбанско македонската граница, три села, севро-западно од Корча во Билишта на албансмо грќката граница е селото Врбник, во областа Преспа покрај Преспанско Езеро распослани се девет села, како и областа Гора со девет села, дообјасни таа.

Се задржа и на организираноста на Македонците и нивните медиуми.

Организрани сме во македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранок за Голо Брдо, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, Културно и политичко здружение „Мир“, етно-културно здружение „Гора“, македонско-егејско здружение „МЕД“, Заедница на Македонците во Албанија, Фондациите „Никола Беровски“ и „Стерио Спасе“. Исто така имаме и два весника на македонски јазик, „Илинден“ и „Преспа“, нагласи Џелили во обраќањето пред претседателот Мета и учесниците на средбата.

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, Македонците од Албанија игра оро на песната „Бисер Балкански“ (ВИДЕО)

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, денеска се виеше оро на познатата македонска народна песна „Бисер Балкански“, во кое учествуваше шефот на албанската држава Илир Мета и претставниците на малцинствата, информираа од македонското друштво „Илинден“-Тирана. Кај претседателот Мета по првпат се одржува ваква средба по повод меѓународниот ден на културниот диверзитет и дијалог, за која посебен простор отстапуваат и домашните медуми.

Овој ден ни нуди одлична можност да ја промовираме културната разновидност и да ги разбереме неговите вредности. Да се промовира и поттикне културниот дијалог со истакнување на богатството на малцинските култури во нашата земја, да се живее заедно во мир и хармонија и да се почитуваат правата на сите граѓани и заедници кои живеат и работат во Република Албанија, рече Мета на средбата.

Посочи дека почитувањето и заштита на националните малцинства, како нераскинлив дел од албанското општество, е зацртано со Уставот, со признавање на правото на слободно изразување без попречување или принудување на зјаснувањето на нивната етничка, културна, верска и јазична припадност и правото да ги зачуваат и развиваат, да учат и да се учи на нивниот мајчин јазик.

На средбата присуствуваа и седумчлена делегација на македонското друштво „Илинден“-Тирана предводена од Елса Џелили, коорднаторка за округот Елбасан. Предвидено е да се обрати пред претседателот и улесниците на средбата во кое ќе зборува за македонската етничка заедница, областите и градовите каде што живее, организираноста во друштва и здруженија, културата и особеностите.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана е изненадено од фабрикуваните информации во емисијата „Села на Албанија“

На телевизијата “Топ ченел” на 8 мај 2021 година беше емитувана една емисија за селото Горно Крчиште. После објавувањето на оваа емисија за селото Горно Крчиште кое се наоѓа близу Маќеларе. Македонското друштво „Илинден“-Тирана реагира на фабрикуваните информации во емисијата „Села на Албанија“ од Илниса Аголи. Имено, во емисијата беше изнесена историска невистина дека во Горно Крчиште живееле Власи, при тоа искривувајќи ја вистината дека Македонците се оние кои живееле, учеле, граделе цркви во ова село. Фабрикувани се и податоците во однос на именувањето на црквите и нивното минато.

Истото се однесува и на намерното одбегнување на натписите на гробиштата, каде ќе беше јасно дека станува збор за македонски имиња и презимиња. Во оваа прилика сакаме да се осврнеме на оригиналната документација  која се однесува на селото Горно Крчиште, а која авторите задолжително би требало да ја имаат предвид. Освен, ако нивната намера не била да ја лажираат историјата и вистината. А во име на вистината ние ќе посочиме еден оригинален документ од бројната документација за ова село.

Смрт на фашизмот

Слобода на народот

Народна Република Албанија

Министерство за образование

Протокол бр. 92/13

Тирана, 11.02.1946 година

Предмет: Отворање на училиште на македонски јазик во Крчиште бр. 316 од 28.01.1946 година

Комитетот во округот Пешкопеја, секција за образование

Земено е предвид барањето на селаните од село Горно Крчиште за отворање на училиште на македонски јазик. Во училиштето ќе се учи на само македонски до трето одделение, а во погорните класови ќе се држат и три часови албански јазик . Училиштето ќе функционира според законите во Албанија.

Министер за образование

Проф. Кoстаќ Ципо

Доколку авторите на емисијата не се потрудиле да најдат барем еден документ  за историјатот на селото Горно Крчиште, во маќеларската околија, во Албанија, сигурно требаше да знаат дека секоја година во првата сабота после Спасов ден, Македонците се собираат во селото на заедничка средба веќе 10-тина години. Од нивно име, Македонското друштво „Илинден“-Тирана ги кани сите заинтересирани да ги чујат историјатот и вистината за селата Горно Крчиште да им се придружат на Македонците на годишната средба во црквата Св. Димитрија во с. Горно Крчиште. Македонското друштво „Илинден“-Тирана е непријатно изненадено од квазиинформациите што во оваа емисија му беа сервирани на албанските гледачи, со што новинарската професија во Албанија е претставена како дилетантска и недостојна за почит.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни верници во Македонија за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение и Ви посакам честит и благословен Велигден, благосостојба на нашата татковина Македонија и радост во срцата на сите Македонци во земјата, регионот и во светот.

По барањето на Македонското друштво „Илинден“-Тирана поправена јазичната грешка на таблата на институција напишана на македонски јазик

Народниот правобранител на Албанија, позитивно одговори на барањето на Македонското друштво „Илинден“ за коригирање на јазичната грешка на таблата на која стои името на оваа институција на македонски јазик, покрај јазиците на другите етнички заедници. Поради барањето упатено до институцијата Народниот правобранител, во врска со написот на македонски јазик на името на нашата институција во повеќејазичниот знак поставен на главниот влез, ве информираме дека ги превзедовме потребните мерки и ова ненамерна грешка во најкус можен рок ја отстранивме. Се разбра при тоа во предвид го имавме вашето упатство, стои во одговорот на народниот правобранител Елинда Баланца упатено до Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Друштвото својата забелешка до албанскиот омбудсман ја достви во петокот, со барање да се коригира јазичната грешка. Македонското друштво „Илинден“- Тирана бара корекција на написот на таблата на институцијата каде стои народен адвокат наместо народен правобранител, како што тоа треба да биде на македонски јазик. Се надеваме дека нашето барање ќе биде разгледано и прифатено. Ви благодариме за разбирањето и соработката, стоеше во барањето. Во исто време „Илинден“, како претставник на македонското национално малцинство во Република Албанија, ја поздравува работата на народниот правобранител и поставувањето повеќејазична табла на објектот каде функционира оваа институција.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, оценувајќи дека е одлична можност Македонците во Албанија да се информираат за активностите на амбасадата. Поздравувајќи го овој потег на македонската амбасада во Тирана, ги повикуваме сите Македонци во Република Албанија да ја искористат можноста за брзо и навремено информирање со активностите на амбасадата, стои во соопштението на друштвото, во кое се наведува и адресата https://www.facebook.com/MKembassyALB/. Се додава дека ова е можност Македонците, од сите делови на Албанија, да го информираат амбасадорот за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Исто така апелираме, преку оваа страна на амбасадата да го информирате македонскиот амбасадор за сите важни прашања за животот и потребите на Македонците раселени низ албанската држава. Тоа со цел од негова страна да се помогне во надминување на нашите проблеми, посочува во своето соопштение Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Реакцјата на друштвото следува откако за почетокот на функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, информираше амбасадорот Дaнчо Марковски, со обраќање до сите заинтересирани за ангажманот на амбасада. Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа, информираше амбасадорот Марковски преку објава на македонски, албански и англиски јазик. Додава дека во исто време страната ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот“.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Василиј со потекло од областа Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упатува апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогниме за лекување на малиот Васил со потекло од Мала Преспа, Албанија. Срествата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f/gib-vasilij-eine-chance… Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Василиј, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Васил безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа.

Честитка по повод Стара нова година – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2021 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!