Kоординатор на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за регионот Елбасан, Елса Џелили учестуваше на тркалезна маса за малциствата во Елбасан
Во тек е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ во Албанија чија цел е да го зголеми квалитетот на застапеност во избраните тела на локалната самоуправа. Во работата учествуваат Здружението на црногорската заедница заедно со уште 7 други организации. Во рамките на овој проект, на 24 мај 2021 година, во градот Елбасан се одржа тркалезна маса со претставници на сите малцинства што живеат во регионот на Елбасан. Во работата беа обединети различните етнички заедници кои коегзистираат на територијата на општина Елбасан.
Целта на оваа тркалезна маса беше да се потенцира квалитетот на застапеноста на секоја заедница во изброрните тела на локалната самоуправа. Подобрувањето на тој процент би се постигнало со дискусии и можни решенија за тоа. Исклучително квалитетна и продуктивна презентација била подготвена од главниот модератор, професорот Кристак Куме. Тој е поранешен претседател на Централната изборна комисија, исклучителен познавач на изборните прашања и раководител на Изборниот институт.
Проектот ќе се дисперзира низ целата албанска држава, а по неговото завршување особени очекувањата имаат сите партнери, како и донаторите. На оваа тркалезна маса со свој претсавник беше присутно и Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Тоа беше претставено од г-ѓа Елса Џелили, координатор за регионот Елбасан, преку која се запознавме со целите на проектот и неговото значење.