Ознака: <span>Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана</span>

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до премиерот Еди Рама 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, упати честитка до премиерот Еди Рама.

Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата премиер на Република Албанија и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех.

Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Собранието ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Претставници на Македонско друштво “Илинден”- Тирана на приемот организирано од Амбасадата на Македонија во Тирана за 8-ми септември денот на независноста на Македонија

Во просторите на македонски културно-информативен центар во Тирана, Амбасадата на Македонија во Тирана  организираше прием за 8-ми септември денот на независноста на Македонија.

Присутни беа и претставници на Македонско друштво “Илинден”- Тирана и од Македонска алијанса за европска интеграција.

Своје обраќање имаше и вршителот на должноста амбасадор на Македонија Љуфтим Спахиу.

Во чест на македонското национално малцинство во Република Албанија претставуваат важен дел од мултикултурната структура на Република Албанија придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, организиравме прослава на 34-годишнината на независноста на Република Македонија. За нас 8-ми Септември е ден кога сништата стануваат реалност, кога народот решава да оди по свој пат, горди со надеж за подобра иднина. 34 години независност со многу предизвици, многу препреки и тешки одлуки. Пред 34 години на референдум решивме да бидеме независни затоа што ние така одлучивме; После 29 години од независноста станавме членка на НАТО; Веруваме дека во иднина ќе бидеме дел од европското семејство не поради други туку поради себе. Нека ни е честит  8 Септември – Денот на независноста – стои во објавата на амбасадата.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана за почеток на новата учебна година

Со голема радост и гордост ви ја честитаме првата ваша школска година! Денес започнува едно ново и возбудливо патување исполнето со знаење, другарство и нови искуства.

Нека ви бидат весели деновите во училиштето, нека ве води љубопитноста, а учителите и родителите нека ви бидат поддршка на секој чекор.

Среќен почеток на учебната година!

Вие сте нашата иднина и нашата гордост!

Со почит,

Македонско друштво “Илинден“–Тирана

Честитка по повод Успение на Пресвета Богородица од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот.

Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско национално малциство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. 

Се посакува  пред сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина. 

Празнувањето на  споменот на сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодет, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување, се наведува во честитката. 

Се посочува дека негувајќи ја традицијата го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани, следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита најголемиот Македонски празник Илинден

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, татковината Македонија и насекаде во светот, Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита најголемиот македонски празник Илинден. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 – та година. Исто така големитот Илинден 1944 – та година.

Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

 

Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонско друштво “Илинден“-Tирана

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам. Големи празници како Курбан Бајрмам не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод денот на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј 

По повод 24 мај ден на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 мај ден на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Комитетот за национални малцинства одлучи да не прифати проекти од интерес на Македонците во Република Албанија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана реагира поради тоа што Комитетот за национални малцинства, не прифатило ниту еден проект во првиот повик за 2025 година предложени од друштвата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден” -Тирана, реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Комитетот за национални малцинства во првиот да не подржи ниту еден проект предложен од друштвата на Македонците во Република Албанија.

Македонските друштвото на конкурсот имат аплициро со проекти што се исклучително значаен за Македонците во Република Албанија.

Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Комитетот за национални малцинства кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Република Албанија. Во овој случај, Комитетот за национални малцинства покажува дека само декларативно се залага за националните малциства во Република Албанија но „за жал Македонците беа само бројка во апликациите кои беа испратени на конкурсот.

Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај
Координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, дел на манифестацијата дегустација на Македонски вина во Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, дел на манифестацијата дегустација на Македонски вина во Тирана со штанд со примероци од Македонски весник “Илинден”, и албуми со Македонски народни носии.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Ви посакуваме во вашите фамилји да владеат здравјето, мирот и среќата!

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓај