Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до премиерот Еди Рама
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, упати честитка до премиерот Еди Рама.
Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата премиер на Република Албанија и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех.
Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Собранието ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.