Ознака: <span>Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана</span>

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани, Македонија сочуство до семејствата на загинати од трагичниот пожар и длабоко жалење за несреќа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана посакува брзо заздравување на повредените.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката.

Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава. Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во честитката.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

По барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ИНСТАТ го коригирал зборот „северно Македонци” со Македонци во целиот материјал за пописните резултати

Уште еден успех по барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 10 јули 2024 година пуати Декларација до Институтот за статистика. Најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот “северномакедонци“ од Институтот за статистика за Македонско национално малциство, призната во Република Албанија.

Институтот за статистика на Република Албанија позитивно врати на барањето и сите матриали за пописот се поправени. Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува благодарност до Институтот за статистика за поправените матриали.

Линк со поправени матриали.

https://www.instat.gov.al/media/13626/cens-2023-census-botim.pdf

https://www.instat.gov.al/media/13584/njoftim-per-media_-30_06_2024_.pdf

Народниот правобранител одговори на дописот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за загриженоста околу пописот

Народниот правобранител одговори на дописот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“.

Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и „северно Македонци“ на англиски јазик, од Институтот за статистика, ИНСТАТ.

Во одговорот меѓу другото стои дека во однос на првата загриженост на припадниците на македонското малцинство, дека резултатите се фалсификувани и изманипулирани, со цел намалување на бројот на прпадниците на македонското малцинство побарале објаснување од ИНСТАТ, но не добиле одговор.

Што се однесува до втората вознемиреност, околу употребата на терминот „Северна Македонија“ на албански јазик и „Сверено Македонци“ на англиски, во прегледот за етничката припадност, побаравме од ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница, стои во одговорот на народниот правобранител.

Народниот правобранител во одговорот се заблагодарува за искажаната доверба на Македонското друштво “Илинден“-Тирана како кон институција  и додава дека и во иднина, како и до сега, максимално ќе се ангажира во почитувањето на правата на националните малцинства и заштита на нивните права согласно меѓунароните стандрарди.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита најголемиот Македонски празник Илинден

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, татковината Македонија и насекаде во светот, Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита најголемиот македонски празник Илинден. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 – та година. Исто така големитот Илинден 1944 – та година.

Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Тирана: Декларација против пописните резултати во Република Албанија

Декларација против пописните резултати во Република Албанија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана утврди Декларација против пописните резултати во Албанија, за пописот одржан од 18 септември до 16 ноември 2023 година. Во декларацијата се вели:

ДЕКЛАРАЦИЈА

против прелиминарните пописни резултати во Република Албанија

  1. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги отфрлува прелиминарните пописни резултати од пописот одржан во Албанија од 18 септември до 16 ноември 2023 година, поради фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на бугарската амбасада во Тирана, Владата во Софија и неколку фондации од Бугарија пред и за време на пописот на населението во Албанија!
  2. Во Албанија “етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис не постои макар и еден “Бугарин” на целата територија на Албанија!
  3. Најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот “северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за Македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија.
  4. И покрај постојаното алармирање пред јавноста и институцииите на власта на Албанија во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, изразуваме жалење поради незаинтересираноста на Албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што Албанската Влада не презедоа мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија!
  5. Предлагаме Федералната унија на европските националисти со посебна резолуција да го отфрли пописот во Албанија како груб фалсификат со огромен број на нерегуларности.
  6. Македонците и другите национални малцинства во Албанија не го прифаќаат пописот од 2023 година и бараат нов попис на населението во согласност со меѓународните стандарди на ООН и ЕУ заради елиминација на двојното попишување на населението во Албанија и манипулација со бројките на националните малцинства.
  7. Ги повикуваме сите македонски здруженија и Македонска алијанса за европска интеграција на обединување, заради одбрана на идентитетот на Македонците, против обидите за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“ од страна на Владата во Софија!
  8. Ова Декларација ќе се достави до: Собранието, Владата, Претседателот, Државниот институт за статистика и Обдусманот на Албанија, Претседателот, Собранието и Владата на Македонија како и до Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, Федералната унија на европските националности и странските амбасади акредитирани во Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо, Претседател Фатри Фетаху

Kоординатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан, Елса Џелили

Генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија, Ламбе Шатровски 

 

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај им врачи благодарници” Илинден” на Дејан Костески, Претседател на Ракометен клуб “Енхалон“, Струга

Со одлука на раководството на друштвото, по повод 15 – годишнината од формирањето на друштвото на г-дин Дејан Костески, Претседател на Ракометен клуб “Енхалон“, Струга, Република Македонија му се додели Благодарница “Илинден”.

Денеска ми беше чест во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана лично да им предадам Благодарница “Илинден” на г-дин Дејан Костески, Претседател на Ракометен клуб “Енхалон“, Струга, Република Македонија

Во 2022 година Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Ракометен клуб “Енхалон“, Струга, имат потпишувано Меморандум за соработка.

Признанијата се доделуваат на поединци и институции кои со својот ангажман најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Република Албанија.

Повеќејазичната табла ќе бидe поставена на зградата од Комитетот за национални малцинства во Тирана

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31. 01. 2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табла во Комитетот за национални малцинства.

На 10.02.2023 година од Комитетот за национални малцинства беше испратен одговор на барањето со бр. 38 во кое пишува дека ќе биде земено предвид барањето. Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена.

Поради тоа, Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 25. 04. 2024 година испрати реакција со број: 1043/2024 до повеќе инситуци во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител.

Народниот правобрнител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата од Комитетот за национални малцинства.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изрзува голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција за нивното ангажирање и конечно повеќејазичната табла да биде поставена во Комитетот за национални малцинства.

Претходно по барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана повеќејазични табли поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓaj

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод Денот на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј

По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, стои во честитката, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, се наведува во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Помина повеќе од една година, повеќејазичната табла сe уште не е поставена во Комитетот за национални малцинства

Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31.01.2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табела во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година Комитетот за национални малцинства одговори на барањето со бр. 38 дека ќе се земе предвид и помина повеќе од една година, а табелата не е поставена.

Повеќејазични табли беа поставени одамна во институцијата на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги поздрави овие институции кога ги поставија нивните плакети на јазиците на националните малцинства. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла, како што направиа институцијата Комесар за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.