News

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата да се форимираат општина Голо Брдо и Гора

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо беа убедени дека новата терториална поделба во Република Албанија што се спроведе во 2014 година се базира на фер и правна одлука на Уставниот суд како независна институција и гарант на Уставот. Но, одлуката на Уставниот суд беше неправилна. Македонското малцинство во областите Голо Брдо и Гора спојувањето на општините го смета како чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора туку го отежна животот на жителите. Имено за еден извод треба да се патуваат два часа а да не говориме за други катадневни неоходности. Поради тоа Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо бара од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското малциство во Република Албанија предложи пред да почне терторијална поделба.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај

 

www.ilinden-tirana.com

Македонците во Албаниа го одбележаа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Македонците во село Церје општина Пустец, Мала Преспа го одбележаа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. После утринската литургија во селската црква посветена на Успение на Пресвета Богородица прославата продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор сред село.

 

 

 

 


www.ilinden-tirana.com

Честито големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица



www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестуа на Летен камп “Ја сакам Македонија“

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестуа на Летен камп “Ја сакам Македонија“-2016 со 5 деца Македонци од областа Голо Брдо и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Летен камп е под покровителство на Владата на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 14 до 21 август во Охрид учествуваат Македонци од соседните земји и од дијаспората. Програмата на кампот опфаќа содржини за подигање на степенот на учесниците за познавањата за Македонија од областа на македонскиот јазик, историјата, географијата, културата, обичаите и традицијата како и меѓусебното поврзување и соработка. Присутните ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет. Престојот на учесниците на Летниот камп Охрид -2016 “Ја сакам Македонија“ беше збогатен со забава и спортски игри како и со посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот Охрид и Охридското крајбрежие: Самоиловата тврдина, Галеријата на икони, Плаошник, црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум и Музејот на вод.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонците во Република Албанија во село Ербеле, Областа Поле го одбележаа Св. Преображение

Македонците во Република Албанија во село Ербеле областа Поле Маќелара на 18-19.08.2015 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, Долно Крчиште, Дебар и од Македонија. Меѓу присутните беа и преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Ноќта спроти празникот во оваа црква доаѓаат не само православни туку и муслимани.Спијат во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ.Според жители на ова село голем број луѓе тука го нашле лекот за својата болест,се излекувале. Пред неколку години на овој празник во селото Ербеле започна да се воведува обичај да се меси погача во која има паричка.Карактеристично за овој обичај е оној на кој ќе му се падне паричката од погачата да го преземе кумството за наредната година. Црквата Св.Преображение во 1973 година албанските власти ја прогласија за споменик на културата.

 

 

 

 

 

 


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестуваше на 26 Годишно собрание на СМК

Светскиот Македонски Конгрес на 13.08.2016 година одржа своето јубилејно Дваесет и шесто годишно Генерално Собрание воГолемата сала на Музејот на ВМРО во Скопје, Македонија. Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестува на Годишно генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес со преставникот на друштвото г-дин Ламбе Шатровси. Македонско друштво “Илинден“-Тирана од 2009 година е член во Светскиот Македонски Конгрес. На Годишно генерално собрание присуствуваа иселенички организации од четири континенти и гости. Генералното Собрание на СМК го одбележи 26 години од возобновувањето на СМК, формиран во 1899 година во Женева, Швајцарија.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо на средба со заменик правобранителот

Претседателот на Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо Брдо Ули Халилај освари средба со заменик народен правобранителот во Тирана Ограног Голо Брдо Ули Халилај имаше средба во Тирана со заменик народниот правобранител на Албанија г-дин Алкет Јаупи во просторите на народниот правобранителот, г-дин Јаупи беше многу отворен за сите прашања кои се однесуват на проблемите на Македонско национално малциство во Република Албанија, се разговара за проблемите на Македонците во обласата Голо Брдо заменик правобранителот е подготвен да помогне за се што може да се стори за малциските права на македонците во Албанија во согласност со законот. Во текот на разговорот се истакна дека за секој писмо испратено ке се добива одговор, а каде ке се може да се помогне ке соработва со Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо Брдо. Средбата се одржа по барање на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо во врска со барањата пуштени за учење на Македонски јазик во областа Голо Брдо. Инсистирањето на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо Брдо за средбата со заменик правобранителот резултираше со фактот со присуството на состанокот да не се затвори случајот со барањето Македонското национално малциство во Голо Брдо со назнака како незаинтересираност од страна на поднесителот на барањето. Со пристуството на претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо Брдо Ули Халилај придонесе ова прашање да го следи заменик народен правобранителот при крај на состанкот било истакнато дека во актуално време врзани им се раците на народниот правобранител бидеќи се уште не е објавен законот за малциства. Од друга страна треба да се реши проблемот со признавање на Македонското национално малциство во цела територија на Република Албанија, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо Брдо Ули Халилај е задоволен од средбата со г-дин Алкет Јаупи, особено од ветувањето дека штом ке биде донесено законот за малциства ке биде информирано Македонско друштво “Илинден”-Тирана. За непосредната и срдечната средба Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ограног Голо Брдо топло се заблагодарува на заменик народниот правобранител г-дин Алкет Јаупи.




www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира за донирање срества за поплавите во Македонија

 


Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо апелира до Македонците во Република Албанија да донираат средства за помош на настраданите во подрачјата зафатени со поплавите на 6 и 7 август 2016 година. Донациите на средства во странска валута се доставуваат на следната банкарска сметка на Црвениот крст на Македонија:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL.ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228


www.ilinden-tirana.com

Во сообраќајка загинаа три лица од Голо Брдо

Три лица загинаа а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи на 04.08.2016 пред влезот на цело Требиште во Голо Брдо. Од здобиените повреди на самото место починале Азем Карабрахами (21) од селото Мало Острени неговата сестра Елена Бајрами (32) од село Тучепи и Муса Нуредини (35) од село Мало Острени кој управувал со возилото.Со тешки повреди се здобил Гентиан Сула (27) кој најпрво бил пренесен во Општата болница во Дебар, Македонија а по укажаната прва медицинска помош бил префрлен на лекување во регионалната болница во Пешкопеја. Несреќата се случила околу15 часот на влезот во селото Требиште кога возачот изгубил контрола по што возилото излетало од патот и паднало во бездна. По отворањето на граничниот премин Требиште-Џепиште, Македонците од областа Голо Брдо речиси секојдневно одат во Дебар, Струга, Охрид да пазарат.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Честит Илинден

 

Почитувани Македонци и Македонки во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитаме најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903-та.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана                                                                                                     Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо                                                                     Претседател Ули Халилај

 

www.ilinden-tirana.com