Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестуа на Летен камп “Ја сакам Македонија“

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестуа на Летен камп “Ја сакам Македонија“-2016 со 5 деца Македонци од областа Голо Брдо и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Летен камп е под покровителство на Владата на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 14 до 21 август во Охрид учествуваат Македонци од соседните земји и од дијаспората. Програмата на кампот опфаќа содржини за подигање на степенот на учесниците за познавањата за Македонија од областа на македонскиот јазик, историјата, географијата, културата, обичаите и традицијата како и меѓусебното поврзување и соработка. Присутните ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет. Престојот на учесниците на Летниот камп Охрид -2016 “Ја сакам Македонија“ беше збогатен со забава и спортски игри како и со посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот Охрид и Охридското крајбрежие: Самоиловата тврдина, Галеријата на икони, Плаошник, црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум и Музејот на вод.


 

www.ilinden-tirana.com