Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владата да се форимираат општина Голо Брдо и Гора
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо беа убедени дека новата терториална поделба во Република Албанија што се спроведе во 2014 година се базира на фер и правна одлука на Уставниот суд како независна институција и гарант на Уставот. Но, одлуката на Уставниот суд беше неправилна. Македонското малцинство во областите Голо Брдо и Гора спојувањето на општините го смета како чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во областите Голо Брдо и Гора туку го отежна животот на жителите. Имено за еден извод треба да се патуваат два часа а да не говориме за други катадневни неоходности. Поради тоа Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана огранок Голо Брдо бара од Владата на Република Албанија и Министерот за локална самоуправа да форимираат посебни две општини и тоа општина Голо Брдо и општина Гора. Впрочем, ваков беше и предлогот на македонското малциство во Република Албанија предложи пред да почне терторијална поделба.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај
www.ilinden-tirana.com