Во сообраќајка загинаа три лица од Голо Брдо
Три лица загинаа а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи на 04.08.2016 пред влезот на цело Требиште во Голо Брдо. Од здобиените повреди на самото место починале Азем Карабрахами (21) од селото Мало Острени неговата сестра Елена Бајрами (32) од село Тучепи и Муса Нуредини (35) од село Мало Острени кој управувал со возилото.Со тешки повреди се здобил Гентиан Сула (27) кој најпрво бил пренесен во Општата болница во Дебар, Македонија а по укажаната прва медицинска помош бил префрлен на лекување во регионалната болница во Пешкопеја. Несреќата се случила околу15 часот на влезот во селото Требиште кога возачот изгубил контрола по што возилото излетало од патот и паднало во бездна. По отворањето на граничниот премин Требиште-Џепиште, Македонците од областа Голо Брдо речиси секојдневно одат во Дебар, Струга, Охрид да пазарат.
www.ilinden-tirana.com