News

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Огранок Голо Брдо бара да се форимираат општина Голо Брдо и Гора помина девет години од териториалната поделба и нема просперитет за Голо Брдо и Гора

После девет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Република Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа. И покрај барањата на Македонската заедница во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора!

Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на општините го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Владата да предложат изменување и дополнување на Законот за општините со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми. – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана  Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фетаху.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа уште не работи. Движењето е посебно тешко во зимскиот период кога и преминот работи од 08:00 до 18:00 ч со оглед на ситуацијата во зимскиот период движењето е повеќе ограничено и од природни околности како што се самите ниски температури и врнежи од снег и создава големи проблеми во комуникацијата во областа Голо Брдо. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо. – стои во соопштението потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај и на петседеателот на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга донираа новогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште, Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во соработка со Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје, Македонија се реализираше заедничка донација во Требиште областа Голо Брдо. Посебно здоволство е што за Македончињата во Админстративната единица Требиште во областа Голо Брдо се донираа 50 новогодишни пакетчиња во соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, Админстративната единица Требиште, областа Голо Брдо и донаторот на новогодишните пакетчиња Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје. Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга. Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува благодарност до г-дин Дејан Костески претседател на Ракометен клуб “Енхалон“ од Струга, г-дин Едмонд Османи, Администратор на админстративната единица Требиште, областа Голо Брдо и голема благодарност до донаторот на новогодишните пакетчиња, Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје.

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Божик и Нова година 2023

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Божик и Нова година 2023, со желба за многу лични успеси и бериќетна година! Ви благодариме за досегашната соработка. Ви посакуваме радосни и среќни Божикни празници и среќна и успешна Нова година. – стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Работната група на словенските малцинства при ФУЕН упати честитка и на Македонски јазик за Божик и Нова година 2023

Работната група на словенските малцинства и Федералната унија на европските националности, се заблагодарува за сите придонеси на сите члени оваа година ја направивме многу успешна година во рамките на Федералната унија на европските националности. Ние ви посакуваме среќни и здрави празници и среќна 2023 година!

Честитка за Божик и Нова Година на по више јазици на Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Vesel Božič in srečno novo leto!  [Slowenisch]

Veselé Vánoce a Šťastný Nový Rok! [Tschechisch]

срећан Божић и Нова година! [Serbisch]

Честит Божиќ и Среќна Нова Година! [Mazedonisch]

Wjesołe hody a měrniwy start do noweho lěta! [Obersorbisch]

Veselé Vianoce a Šťastný Nový Rok! [Slowakisch]

З Різдвом і новим роком! [Ukrainisch]

Sretan Božić i Nova Godina! [Kroatisch]

веселого Рождества и счастливого Нового года! [Russisch]

Wjasołe gódy a měrny start do nowego lěta! [Niedersorbisch]

Wesołych Świąt i Szczęśliwego Nowego Roku! [Polnisch]

Линк: https://agsm.fuen.org/de/article/Frohe-Festtage-und-Prosit-2023

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на презентација на проектот „Жените на малцинствата“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај денска учестуваше на презентација на студија Колку се еднакви малцинските организации? Презентирана ФУЕН студија за проектот „Жените на малцинствата“.

На настаните на ФУЕН честопати доживуваме дека соодносот на половите не е избалансиран. На нашите конгреси, конференции и годишни состаноци учествуваат значително повеќе мажи отколку жени. Но, исто така, во квалитативна смисла, ако ги погледнете говорите и панелистите, жените се недоволно застапени – и оваа слика често е репрезентативна за нивното општо присуство во раководните тела. „Ова ни даде храна за размислување во ФУЕН и се роди идејата за проектот „Жени на малцинствата“, објасни генералниот секретар на ФУЕН, Ева Пенцес на почетокот на денешниот онлајн состанок, на кој присуствуваа околу 20 луѓе од организациите членки на ФУЕН од 13 земји.

Што е статус кво? Дали жените во малцинствата се малцинство, во официјалните тела и раководството? Колку е еднакво во нашите организации? Кои се предизвиците? Со цел да добиеме одговори на овие прашања и да ја процениме статус квото, во ноември испративме прашалник до нашите организации членки. Задоволни сме што преку 40 организации учествуваа и на овој начин помогнаа да се добие сеопфатна слика.

Резултатите од ова истражување на почетокот на состанокот ги презентираше Зора Попова, научен офицер на ФУЕН. Одговорите покажаа дека жените во основа се добро застапени во организациите, особено во оперативната област, додека мажите доминираат на лидерски позиции, односно во претседателства или одбори. Жените ја вршат работата додека мажите седат во раководството“, ја резимираше ситуацијата Зора Попова. Што се однесува до знаењето за родовата еднаквост и насоките, беше откриено дека околу две третини од организациите учеснички имаат знаење, но многу малку од нив имаат официјални документи или упатства за родовата еднаквост во организацијата. Ретко кој присуствувал на обука на оваа тема.

„Резултатите покажуваат дека има потреба од поголема родова еднаквост“, посочи Зора Попова. „Главната пречка наведена е традиционалната улога на жената, која не остава време за други активности помеѓу семејството и работата. Факт што можеше да го потврди Евгенија Нацулиду, учесничка на средбата. „Она што жените го постигнаа преку женското движење е да имаат избор. Но: жените денес сè уште имаат премногу обврски приватно, додека мажите се фокусираат на нивните кариери“.

Сепак, недостатокот на промоција, недостатокот на свест или стереотипи во организацијата исто така стојат на патот за подобра родова еднаквост, покажуваат резултатите. Како мерки што се потребни, учесниците во студијата ги наведоа обуката за менаџмент, поддршка од експерти како и подигање на свеста за темата со цел да се создаде свест на прво место.

Проектот „Жените на малцинствата“ ќе се фокусира на размена на идеи за можни идни активности и истражување на можни подобрувања. Кои алатки може да се искористат за да се донесе промена кон подобра застапеност на жените во малцинските организации? Ова е она на што треба да работиме на следните состаноци и дискусии. Една од идеите е да се претстават жените од водечки, активни позиции во малцинствата како пример за надминување на стереотипите. Учесниците се согласија со овој пристап. „Помагањето една на друга може да биде решение. Мораме да ги мотивираме жените да не се извинуваат секогаш и да се бориме против скриената дискриминација што сите жени ја доживуваат во секојдневниот живот“, рече Елиса Ферекиду. И не е неважно: „Треба да вклучиме мажи за да се справиме со проблемот“, додаде Еугенија Нацулиду.

Госта Тофт, потпретседател на FUEN, ги охрабри сите присутни да останат на врвот на прашањето и да планираат понатамошни активности. FUEN има важна улога како посредник за знаење и движечка сила.

Како можеме да им помогнеме на нашите партнери да развијат стратегии и упатства за родова еднаквост? Како можеме да ги мотивираме жените да преземат поактивни улоги во нивните организации и на нашите настани? Ова се прашањата на кои ќе се бараат одговори во текот на проектот и – во најдобар случај – ќе се применат во пракса. Пројектот се рализира благодарение на Сојузното Министерство за внатрешни работи и внатрешни работи на Сојуза Република Германија.

Македoнскиот весник “Илинден” достапен во Националните библиотека на Албанија и Македонија

Формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на 6 февруари 2009 година беше исклучителен предизвик за Македонците во Албанија, особено за жителите во областа Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник. Во текот на неговата работа се појави потреба за информирање на членството и поддржувачите на Друштвото, кое стана препозналив заштитник и промотор на македонската традиција, култура и историја во Република Албанија.

Поради тоа, во највисоките кругови на Македонското друштво “Илинден“-Тирана беше донесена Одлука за издавање на весник во кој содржините ќе се однесуваат на работата на Друштвото, а задолжително ќе се објавуваат и статии од науката поврзани со Македонците во Република Албанија. Еден дел од весникот, според потребите треба да се отстапува на информации од секојдневниот живот на Македонците во Република Албанија, а особено во селата од областа Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник.

Согласно Одлуката, првиот број на македoнскиот весник “Илинден” излезе од печат во март 2011 година во Тирана, а во следните години прерасна во гласник за сите активности на Македонците во Република Албанија. Денес, весникот се дистрибуира во областите во Албанија, населени со етнички Македонци: Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и Врбник, како и во поголемите градови во кои живее бројно македонско население како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта, Кукс. Според досегашните реакции на читателите, македонски весник “Илинден“ стана глас за животот, културните и верските обичаи на македонското национално малцинство во Албанија.

Македонски весник “Илинден“ има печатена верзија и е достапен на интернет преку порталот www.vesnik-ilinden.com . За заинтересираните, објавуваме дека сите броеви на македoнски весник “Илинден” се достапни и во Национална библиотека во Тирана, Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, како и во Библотеката на Македонската академија на науките и уметностите, во Библиотеката на Собранието на Република Албанија и во Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”

Редакцијата на македoнскиот весник “Илинден” се заблагодарува на сите досегашни соработници, поддржувачи и приврзаници. Воедно, ги повикува сите заинтереснирани за состојбите на Македонците во Република Албанија, да го користат македoнскиот весник “Илинден” при посетата на спомнатите библиотеки.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Александар Костиќ, претседател на Месна заедница Галичник

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со г-дин Александар Костиќ, претседател на Месна заедница Галичник, Општина Маврово – Ростуша,  областа Мала Река, Македонија. На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката меѓу Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Месна заедница Галичник и соработка во рамките на манифестацијата Галичка свадба. Секако, во опсегот на неговите надлежности, Костиќ искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците во Република Албанија. Ѓурѓај искажал голема благодарност, за како што оценува, непосредната и срдечна средба.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

По повод големиот христјански празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај донираше комплет од весникот “Илинден“ на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”

Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на настанот организиран од Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид” по повод денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид. На овој настан, за почесни членови на нашата Установа се прогласени проф д-р Павле Митрески и проф. д-р Наум Целакоски. Во состав на чествувањето беше и промоцијата на соработката на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”. При тоа, од страна на г-динот Ѓурѓај донираше комплет од македонскиот весник “Илинден“ и други изданија на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. За пригодата тој ја искажа својата верба дека изданијата ќе ја збогатат збирката на литература и периодика за Македонците во Албанија, која се наоѓа во Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”. Во својата реч, г-дин Ѓурѓај изрази благодарност до г-дин Милчо Јованоски, за соработката и интетесот за донацијата на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија на Друштвото. Од своја страна и раководство на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид” му беше искажана благодарност на претседателот на Никола Ѓурѓај донацијата, нагласувајќи дека со неа се збогатува фондот на Библиотеката со овој значаен информативен материјал за живото и делувањето на Македонците во Албанија. Во оваа прилика, Македонското друштво “Илинден“-Тирана му го честита денот на патронот на Охрид и на вработените на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”, со верба за натамошна соработка.