Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај донираше комплет од весникот “Илинден“ на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”

Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на настанот организиран од Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид” по повод денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид. На овој настан, за почесни членови на нашата Установа се прогласени проф д-р Павле Митрески и проф. д-р Наум Целакоски. Во состав на чествувањето беше и промоцијата на соработката на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”. При тоа, од страна на г-динот Ѓурѓај донираше комплет од македонскиот весник “Илинден“ и други изданија на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. За пригодата тој ја искажа својата верба дека изданијата ќе ја збогатат збирката на литература и периодика за Македонците во Албанија, која се наоѓа во Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”. Во својата реч, г-дин Ѓурѓај изрази благодарност до г-дин Милчо Јованоски, за соработката и интетесот за донацијата на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија на Друштвото. Од своја страна и раководство на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид” му беше искажана благодарност на претседателот на Никола Ѓурѓај донацијата, нагласувајќи дека со неа се збогатува фондот на Библиотеката со овој значаен информативен материјал за живото и делувањето на Македонците во Албанија. Во оваа прилика, Македонското друштво “Илинден“-Тирана му го честита денот на патронот на Охрид и на вработените на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”, со верба за натамошна соработка.