vestimk

Среќен Летник

Летник е македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар) и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Дебарско, Охридско и Струшко. Празникот има повеќе народен отколку верски карактер па така во оние области каде живеело верски мешано население Македонци-православни и Македонци-муслимани како во Голо Брдо и Реканската област празникот го прославувале сите, и православните и муслиманите. Поради тоа што е прославуван и од христијаните и од муслиманите, за празникот се смета дека е од паганско потекло. Со процесот на миграција од село во град овој празник е главно запоставен, но тој сѐ уште се празнува во руралните региони на Голо Брдо како и во Струшки Дримкол. Поради тоа што овој празник е празнуван само од етничките Македонци (и христијани и муслимани) и неговото славење е најпознато во просторите етничка Македонија, овој празник се смета како етнички македонски народен празник. На истиот датум на 14 март (1 март по стар календар) Античките Македонци го празнувале својот празник на светлината наречен Ксантика. Древното верување за овој празник било поврзано исто како и со современиот македонски народен празник Летник. Празникот Ксантика истотака бил поврзан со зголемувањето на аголот на паѓањето на сончевите зраци, односно со зголемувањето на светлината и времетраењето на денот како и со почетокот на пролета – летната сезона во годината, цутењето на пупките на дрвјата и започнувањето на земјоделските работи. Овој древен празник поради истиот датум и истото верување со современиот македонски празник се зема за еден од доказите за етногенетските врски и поврзаноста помеѓу Античките и современите Македонци. Според сведоштвата на луѓето празникот Летник започнувал да се празнува уште во раните утрински часови на на 14 март (1 март по стар календар) заеднички и од Македонците рисјани и муслимани. Веднаш рано изутрината штом ќе се станело од спиење, луѓето гледале и барале да здогледаат некое пиле (птица) за според верувањето да бидат лесни како птица преку целата година. Потоа погледнувале во своите џебови да имаат златна или сребрена пара за преку годината секогаш да имаат пари и успех (бериќет). Се излегувало во шумите и планините и од таму во домовите се носеле тукушто расцутени дренови гранки и кај куќното огниште и луѓето наизменично се фаќале за дреновата гранка и за синџир за преку годината да бидат здрави како дрен и цврсти и силни како железо, а потоа за здравје се каснувале пуполците од дренот. Младите деца береле суви гранки и оделе од куќа до куќа фрлајќи ги во куќните огништа велејќи: Колку шумулчиња (пламенчиња), толку дечиња (слично како за Бадник пред Божик). На Летник задолжително доколку се одело во посета на некоја куќа се носело гранка од дрен, а домаќините го гоштевале гостинот со ореви, варена пченка и благо. Тој што ќе се погодел прв во денот да им влезе на домаќините во куќа, годината им минува со радост и успех (бериќет) од него, па затоа домаќините идната година на Летник го бараат повторно да им влезе в куќа (не мора да е прв, може и само како гостин), зашто за него се верувало дека е со „среќна рака“.


www.ilinden-tirana.com

Среќен 7- 8 ми Март

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакуваме среќен 7- 8 ми Март со желба за многу лични успеси!

Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë ju uron gëzuar 7-8 Marsin me dëshirën e shumë sukseseve personale!

Macedonian association “Ilinden”-Tirana wish you a happy 7-8 March with the desire of many personal successes!

 

 

 

 

 

 

 

По повод шестгодишнината од основањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод шестгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за  нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во албанија. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана.


Џевит Дрини – активист во Тирана: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана


Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана  континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Воедно наша заложба е и зајакнувањето на одличните билатерални односи меѓу Републик Македонија и Република Албанија.


Ули Халилај на името на Мојси Халилај – активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо


Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба средд населението во Албанија. Според сознанијата што ги поседува Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана се изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден” од која се искристализираа неколку имиња. Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

проф.д-р Катерина Тодороска – научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје, Република Македонија, за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Република Албанија

г-дин Џевит Дрини – активист во Тирана: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана 

г-дин Ибраим Фетаху – активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо

г-дин Митре Шутку – автор на неколку книги за Македонското малцинство во Република Албанија

Нипром – Струмица Република Македонија

г-дин Мојси Халилај – активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо

г-дин Хамит Гордани – активист во Тирана: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана


www.ilinden-tirana.com

Федералната Унија на Европските Националности во посета кај Македонско друштво ”Илинден”-Тирана

 

На 20.02.2015 година претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, потпретседателот Незир Меча и претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај, потпретседателот Алфред Садику и секретарот Агрон Фетаху  осварија средба со потпретседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) г-дин Халит Хабип Оглу исто време и  претседател на Федерацијата на Турците во Западна Тракија во Европа (ABTTF) и правен советник на ФУЕН г-дин Франк Де Боер гостите се информира за состојбата на Македонското национално малцинство во Република Албанија и за активностите на друштвото. На средбата се разговара за членството на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана во Федерална Унија на Европските Малциства (ФУЕН) се нагласи потребата за соработка меѓу двете организаци. ФУЕН е eвропска организација на автохтони, национални малцинства и етнички групи во Европа. ФУЕН има околу 90 организации-членки во цела Европа. ФУЕН е основана пред 65 години во Париз е застапник и претставник на Европските малцинства со седиште Фленсбург Република Германија.


 


www.ilinden-tirana.com

Македонското друштво “Илинден “-Тирана учестунваше на конфернцијата “QUOMODO”

 

Македонското друштво “Илинден “-Тирана учестунваше на конфернцијата “QUOMODO” што се одржи во Тирана од 22-24.01.2015 година конференцијата го организира Влашки младински совет во Албанија во соработка со Младината на европските националности (YEN) е европска мрежа од 40 невладини организаци од цела Европа што се грижат за малцинства. Главната цел на Младината на европските националности (YEN) е да зачувува и унапредува правата на малцинствата и етнички групи во Европа. На конференцијата присуствуваа 20 претставници, од Албанија Македонско малциство и Влашко, Данско малцинство од Германија, Влашко малциство од Македонија, Блашко малциство од Романија, Лужички Срби од Германија, Словенци од Австрија


 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Честит Богојавление Христово-Водици

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во моје име, ви честитам големиот Христијански празник Богојавление Христово-Водици. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник.
Со почит Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

Македонците во Тирана го одбележаа празникот Стара Нова Година Св.Василиј

Македонско друштво “Илинден”-Тирана на 14.01.2015 година воТирана традиционално со ори и песни го одбележаа празник Стара Нова Година Св.Василиј. На прославата присуствуваа Македонци со потекло од областа Голо Брдо кои живат во Тирана. Меѓу присутните беа, подпреседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана г-дин Незир Меча.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Среќна Стара Нова Година Св.Василиј

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во моје име, ви честитам Стара Нова Година Св.Василиј 2015, со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

Со почит претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај




www.ilinden-tirana.com