Соопштение: до медиумите
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо изразува длабоко сочуство за загинатите полицајци и граѓани во оружениот судир во Куманово, искренo сочувство до семејствата на жртвите, и до оние кои се повредени посакувајќи најбрзо заздравување. Повикуваме на смиреност и трпение, повикуваме на толеранција и взаемно уважување. Апелираме до сите политички фактори во Република Македонија да изнајдат сили и со дијалог и меѓусебен почит изнајдат решениа за надминување на проблемите. Уверени сме дека постојат можности, желба и политичка воља а за општо добро на севкупниот македонски народ и сите граѓани на Македонија. Ги повикува граѓаните, независно од етничкото потекло и верско уверување, да се воздржат од меѓусебни пресметки заради други и туѓи интереси за влијание на овие простори! Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо се надева дека во најскоро време ситуацијата ќе биде нормализирана, и смета дека мирот и безбедноста во Македонија се фактор за одржување и зацврстување на регионалната стабилност и безбедност.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо
www.ilinden-tirana.com