vestimk

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски учествуваше на конференција во Драч

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски учествуваше на Министерска конференција на Западен Балкан која се оддржа во Драч од 30-31.03.2016 година Република Албанија. Министрите за надворешни работи од 6-те балкански земји и Чешката република како претседавач на Вишеградската група со комесарот Хан разговараа за Париската конференција која треба да се оддржи на 4-ти јули оваа година. Фокусот беше на статусот на проектите за регионална поврзаност од претходна Виенска конференција во 2015 година како дел од Берлинскиот процес за највисока политичка поддршка на идно членсто на балканските земји во ЕУ. Донесени се заклучоци за основање на младинската регионална канцеларија и проекти за мобилност на студенти и вработени во државните администрации помеѓу земјите од регионот. Треба да се интегрираме како регион помеѓу нас, паралелно со интегрирањето во ЕУ. Изградбата на подобри патишта и енергетски врски мора да е проследено и со полесно водење бизнис низ соседството и патување без рампи во регионот. Не треба да се има илузии дека ЕУ ќе може да биде дарежлива за финансирање на инфраструктурата во нашите земји во иста мерка како што беше тоа случај во другите земји кои веќе се приклучија на Унијата. Треба да сме реални дека тоа е минато. Денес имаме можност сами да работиме на интеграција помеѓу нас кои сме на пат кон ЕУ и оние земји од регионот кои веќе се членки на ЕУ. Се сведува на конкретни работи низ кои треба да го гледаме идното членство во ЕУ“ посочи министерот Попоски.


На маргините на конференцијата Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Албанија Дитмир Бушати


На маргините на конференцијата Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски оствари средба и со Еврокомесарот Јоханес Хан


Билатерална средба беше остварено и со Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак на која се потпиша Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на БиХ за колокација на ДКП


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски оствари средба со Државниот секретар за европски прашања на Франција Арлем Дезир

 


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски оствари средба со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ

 

 

www.ilinden-tirana.com

Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски ги посети Македонците во Мала Преспа

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ја посети општината Пустец, Мала Преспа во Република Албанија. Посетата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на Албанија е по повод учеството на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан во Драч, Албанија. Министерот Попоски беше придружуван од македонскиот амбасадор во Тирана. Во општината Пустец, министерот Попоски оствари средба со градоначалникот на општината, Едмонд Темелко со кого се задржа во подолг разговор во врска со положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Покрај средбата со градоначалникот министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна и со претставници на Советот на Општината, наставниците по македонски јазик, како и со претставниците на македонската заедница од повеќе општини од Република Албанија областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, Тирана, Подградец, Корча, Елбасан, Билишта и други места. На средбите со Македонците се разговараше за можностите за поголема прекугранична соработка во преспанскиот регион, со акцент на екологијата и еко-туризмот, како и за можностите за подобрување на инфраструктурата што локално ги поврзува Република Македонија, Република Албанија и Република Грција. “Образованието на нашите деца е најважната инвестиција во европската иднина на сите земји од регионот“-истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски. “Албанија и Македонија имаат огромен терен за соработка. Во овој период треба да се охрабриме да има што повеќе прекугранични врски и проекти“-потенцираше министерот Попоски. Во рамки на посетата министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски посети и дел од училиштата во општината Пустец, каде донираше книги на македонски јазик прилагодени за деца на училишна возраст.


 

 

 

 


www.ilinden-tirana.com

Светскиот Македонски Конгрес во албанија нема Бугари, Туку Македонци!

Светскиот Македонски Конгрес најостро ги осудува активностите на бугарската амбасада во Република Албанија во поддршката на здруженија на граѓани кои во областите населени со Македонци шират бугарска пропаганда и нудат бугарски државјанства за Македонците во Албанија како Бугари.Светскиот Македонски Конгрес потврдува дека на целата територија на Република Албанија не живеат Бугари воопшто пак во областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа. Изјавите на здруженија на граѓани со поддршка на бугарската амбасада во Тирана дека во Република Албанија нема Македонци претставуваат груб фалсификат на историјата и вистината. Македонците во Голо Брдо биле признати од Република Албанија до 1949 година, што се потврдува со изводите од матичните книги на родените, издадени во тоа време, на коишто во графата националност пишува Македонец.Истовремено и наставата во училиштата во Голо Врдо се изведувала на мајчин македонски јазик.Мајчин јазик кој се зборува во Голо Брдо е македонскиот јазик а децата до седум години не го знаат албанскиот јазик туку него почнуваат да го учат откако ќе заминат во училиште. Светскиот Македонски Конгрес изјавите дека нема Македонци во Албанија ги смета за крајно недолични и неодговорни тоа претставува груба навреда на достоинството на Македонците во Република Албанија во целина.Светскиот Македонски Конгрес иницира билатерална спогодба меѓу Република Македонија и Република Албанија за полoжбата и правата на Македонците во Република Албанија и на Албанците во Република Македонија што нема да ги ограничува затекнатите права и слободи туку ќе ги нотира основните права и слободи утврдени со меѓународните договори.



www.ilinden-tirana.com

Пратеникот Роланд Кета: Состојбата во Голо Брдо за жалење

По реакцијата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонското друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо и репортажата емитувана на локалната телевизија ТВ Булќиза за немањето основни услови за живот во областа Голо Брдо реагираше пратеникот за околијата Пешкопеја во Парламент Роланд Кета. ­Во областа Голо Брдо нема патна инфраструктура нема чиста и здрава вода за пиење нема амбуланти. Жителите од Голо Брдо ја изгубија надежта зашто за овие зони не е ништо направено изјави за ТВ Булќиза пратеникот Кета. Тој додава дека во најголемото село во Голо Брдо доаѓа лекар само еднаш неделно, а дугите денови жителите од оваа област која ја сочинуваат 22 села се оставени како што вели, на “волјата на Бога“. И болницата во Булќиза е во многу лоша состојба додава Кета и нагласува дека не е реновинара повеќе од дваесет години. Како што оценува Кета состојбата во Голо Брдо е за жалење поради што жителите се принудени да го нашутаат родниот крај. Тој додава дека за сотојбата зборувал во Парламентот и оти и понатаму ќе биде гласот на жителите од оваа област за проблемите.


 

www.ilinden-tirana.com

Министерството за образование и спорт подготвува нормативна рамка за јазичните права на малцинстват

Работна група од експерти, формирана од Министерството за образование и спорт на Албанија работи на извештајот за нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во Албанија,  во соработка со Советот на Европа. Групата денеска имаше средба со членовите на државниот Комитет за малцинства на Албанија, во кој претставник на етничките Македонци е Нико Китани по потекло од Мала Преспа. На средбата претставниците на малцинствата во Комитетот ја запознаа работната група со проблемите во образованието ги изнесоа и своите препораки за подобрување на ова значително прашање. Во извештајот посебно поглавје ќе има за јазикот на малцинствата. Работната група ја сочинуваат тројца универзитески професори и еден преставник од Министерството за образование.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува изјавата објавено кај весникот Дибра

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудува изјавата дадено од претседателството на патриотска асоцијација “Хазиз Лила” и објавено кај весникот Дибра со наслов “Дали има Бугари во Голо Брдо”. Нивна костатација е точно дека во Голо Брдо и во цела Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. И дека нема Македонци во Голо Брдо, Гора и цела албанија има само во Мала Преспа е груб фалисфикат на историјата и вистината. Македонското национално малцинство во Голо Брдо била признато од албанската држава до 1949 ова се идентификува со изводите во тоа време каде што беше пишан и националност Македонец како и училишта на македонски јазик. Мајчин јазик кој се зборува во Голо Брдо е македонски јазик, деца до 7 години не зборуваат албански јазик и почнуваат да го учат во училиште. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо смета дека изјавата дадена од претседателството на патриотска асоцијација “Хазиз Лила” и објавено кај весникот Дибра со наслов “Дали има Бугари во Голо Брдо”е крајно недолична и неодговорна, и претставува груба навреда на достоинството на Македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на претседателството на патриотска асоцијација “Хазиз Лила” и објавено кај весникот Дибра бараме тој безусловно да се извини до македонско национално малциство.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана                                                                                                 Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-tirana.com

Ариан Спасе нов амбасадор во Унгарија

Со указ на претседател на Република Албанија Бујар Нишани за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Унгарија, е назначен Ариан Спасе допломат од кариера, етнички Македонец. Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. Стерјо Спасе е роден во 1914 година во Глобочани, Мала Преспа cе занимавал со педагошка дејност негово најпознато книжевно дело е романот “Зошто“. Илинден Спасе татко на Ариан Спасе е универзитетски професор во пензија, исто така пишува на албански и македонски јазик. Член е на друштвото на писатели на Република Македонија.


 

www.ilinden-tirana.com

Среќен Летник

Македонско друштво “Илинден”- Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо ви посакуваме среќен Летник


 

Shoqata Maqedonase “Ilinden”- Tiranë dhe Shoqata Maqedonase “Ilinden”- Tiranë Dega Gollobordë ju uron gëzuar Diten e Veres

 

www.ilinden-tirana.com

Наставникот што претепа ученици во Оржаново Голо Брдо избркан од работа и приведен од полицијатa

Дисциплинската комисија и раководството на основното училиште во селото Оржаново, Голо Брдо го остранила од работа учителот што претепа ученици, додека полицијата од градот Булќиза го привела, наставник Агим Муча според сведочењето на децата им ги трескал главите на клупите и ги тепал со стап. Децата завршиле во болница. Четири од нив биле потешко повредени. По добивањето третман во болницата во Булќиза, три од нив биле испратени дома, додека едното било испратено и задржано во болница во Пешкопеја.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Наставникот пијан ги претепал учениците на III одделение во селото Оржаново – Голо Брдо

Децата од основното училиште во селото Оржаново Голо Брдо завршиа во болница откако беа претепан од страна  наставник Агим Муча. Децата  раскажа како наставникот му ги трескаше главите  во клупите и ги тепаше со стап. Учителот 63-годишен беше уапсен од страна на полицијата. Децата кои беа во училница кажа дека учителот Агим Муча ги претапа  деца во училница. Инцидентот се случил во основното училиште во село Оржаново Голо Брдо полицијата уапси 63-годишниот Агим Муча деца завршиa во болница. Ова не е прв пат наставникот Агим Муча да тепа деца. Четири од децата биле оштетени  многу, по добивањето на третман во болница Булќиза три од нив беа испратени дома, едниот е во болница во Пешкопеја.


 

 

www.ilinden-tirana.com