vestimk

Еордијата во Струга, Македонија симбол на единството и мирот

Светлата Седмица на радоста и светлината од Христовото Воскресение, Седмица која е предобраз на невечерниот ден на Царството Божјо оваа година по Божја промисла заврши со едно големо несекојдневно духовно торжество со свечената Еордија во Струга посветена на Светиот Великомаченик Георгиј, великиот сведок на Воскресението Христово. Возобновена пред седум години со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тимотеј а по заедничка иницијатива и заложби на јерејот Васко Голабовски и на нашиот Старец Архимандрит Партениј, како и во содејство со богољубивото свештенството при храмот на Св.Георгиј во Струга, еордијата денес прерасна во една огромна духовна и културна манифестација онаква каква што несомнено ѝ доликува на древната и преубава Струга. Годинава, нејзиниот блесок беше, можеби, најсјаен. Најпрвин тој благодатен блесок засветли на празничната ктиторска вечерна богослужба со која началствуваше нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Тетовско – Гостиварски г. Јосиф и бројното свештенство од нашата епархија. Литијата, пак што започна веднаш после вечерната беше навистина одраз на триумфот на светлината мирот и љубовта. И се беше во духот на тој триумф па дури и првиот редар и најавувач на литијата, кој беше облечен во римска воена облека, онаква како од времето на Св. Георгиј кој и самиот бил воен трибун во римската војска. Звуците на оркестарот од град Скопје и гласовите на псалтите ја надополнуваа таа сеопшта симфонија на радоста, која низ главните струшки улици беше пречекувана со цвеќиња, насмевки и развеани знаменца од страна на најмладите стружанчиња облечени во народни носии. И секако, главниот украс на молитвената поворка и овој пат беа чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј донесени од неговиот манастир во Рајчица. Положени во цветниот и раскошен епитаф, и опкружени од верна гарда од славниот мијачки крај, тие го излеаја својот благослов врз целата Струга. Годинава пак со посебен благослов да го носат епитафот со моштите беа удостоени четворицата стружани: Стефчо Рафтоски, Перо Русески, Христијан Ковачески и Мики Кукунешоски. Недогледната река народ што ги следеше благоуханите мошти и чудотворната икона на Победоносецот сведочеше за неговата небесна слава и молитвена сила, зашто тој има посебна слобода пред Бога да измоли благослов за сите оние што со љубов го слават неговиот сечесен спомен. Свој придонес за благолепието на денешната поворка на единството, мирот и сплотеноста дадоа и нашите пријатели и соработници: Општина Струга, ОУ “Ј. Б. Тито“, СУ “Нико Нестор“ и “Ибрахим Темо“, оркестар “Град Скопје“, КУД “Илинден“ од Струга и КУД “Илинден“ од Битола.

 

 

 

 

 

 


www.ilinden.tirana.com

Министерот за транспорт и врски на Република Македонија во посета на Мала Преспа

Министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Владо Мисајловски на 06.05.2016 година беше во посета на општина Пустец, Мала Преспа Мисајловски за врме на посетата имаше средба со градоначалникот Едмонд Темелко, со претставници на локалната власт како и со Македонците од Мала Преспа.


 

 

www.ilinden-tirana.com

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на конференција во Тирана

Од 2013 година постапката за издавање одобрение за градење за сите видови градби во Република Македонија се спроведува на електронски начин преку Информациски систем е­одобрение за градење а од  2013 година преку истиот систем на електронски начин се спроведуваат и сите останати постапки за добивање одобренија во делот на градежништвото. Ова го порача министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во своето обраќање на Меѓународната конференција „Е­дозволи за конкурентен регион“ што се одржува во Тирана каде ги презентираше реформите што ги спроведе земјава во делот на електронско издавање градежни дозволи. ­Главната цел на овој информациски систем е овозможување брзо и ефикасно поднесување на барањето за добивање одобрение за градење како и другите барања предвидени со Законот за градење без при тоа да се доаѓа во институциите увид во секоја фаза од постапката целосна информираност на барателот увид во роковите за постапување како и намалување на трошоците на постапката истакна Мисајловски. Со воведувањето на оваа реформа додаде Република Македонија е рангирана на 10. место во светот и на прво место во Европа и Централна Азија во последниот Извештај на Дуинг Бизнис на ранг листата за ефикасно спроведување на постапката за издавање одобрение за градење. Во својот говор потенцира дека со размената на податоци што се спроведува во електронска форма преку овој систем се редуцираа бројни административни процедури кои претходно се спроведуваа со што како што нагласи се придонесе за значително скратување на роковите за издавање одобрение за градење. Меѓународната конференцијата во Тирана е втора од овој вид и се организира со цел да се презентираат предностите на електронското издавање градежни дозволи. Покрај министерот Мисајловски на конференцијата присуствуваат и министрите за транспорт, инфраструктура и просторно планирање на Република Албанија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.


 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: Во врска со претстојните предвремени парламентарни избори во Република Македонија

Почитувани Македонци во Република Албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Република Албанија што имат Македонско државјанство да се пријават во Амбасада на Република Македонија во Тирана за претстојните предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Согласно Јавниот повик објавен на сајтот на Државната изборна комисија на Република Македонија и на официјалниот сајт на Амбасадата вашето избирачко право ќе може да го остварите во Амбасадата на Република Македонија во Тирана на улица “Кавајес’’ број 116. За таа цел известуваме дека е потребно да го пронајдете вашето име и презиме во Избирачкио список на сајтот на ДИК: http://www.sec.mk или https://izbirackispisok.gov.mk Доколку сте во можност проверката во Избирачкиот список може да ја направите лично во Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Вашето пријавување за гласање во Амбасадата може да го направите лично во Амбасадата на Република Македонија во Тирана или по електронски пат на следниот сајт: http://dijaspora.sec.mk/PrijavaZaGlasanjeVoStranstvo.aspx заклучно со 09.05.2016 до 24:00 часот. За сите дополнители информации во врска со изборниот процес молиме да се јавите на следните телефони: 042230909 Амбасада на Република Македонија во Тирана.


 

www.ilinden-tirana.com

Денеска се одбележуваат 113 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, Република Македонија во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.


 

www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Тирана се сретна со координатор на младинска мрежа

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”- Тирана г-дин Никола Ѓурѓај минатата недела се сретна со координатор на младинска мрежа за градот Тирана г-дин Клаудио Пулаха  разговараа за новите можности за соработка меѓу двете младински структури. За време на средбата се дискутираше за резултатите иницијативите и активностите на македонското друштво “Илинден”-Тирана и младинска мрежа за градот Тирана. Многу активности и иницијативи се очекуваат од нас заедно во иднина.


 

Drejtuesi i Shoqatës Maqedonase “Ilinden”-Tiranë z.Nikolla Gjurgjaj javen e kaluar takuan koordinatorin e rrjetit rinor te Lidershipit te te Rinjve te Tiranes z.Klaudio Pulaha ku diskutuan se bashku mundesite e reja te bashkepunimit mes dy strukturave rinore. Pergjate takimit u diskutua mbi rezultatet, nismat dhe aktivitetet e Shoqatës Maqedonase “Ilinden”-Tiranë si dhe Lidershipit ne qytetin e Tiranës. Shumë aktivitete dhe nisma frytdhenese na presin së bashku në të ardhmen.


www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Г.Г. СТЕФАН

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на 14.04.2016 година во Скопје Република Македонија оствари средба со г.г.Стефан Поглавар на Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана го информира г.г.Стефан Поглавар на Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија за активностите на Друштвото.Македонско друштво “Илинден“-Тирана како и неколку години наназад, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија верските календари се даруваат на Македонци во Албанијa македонско друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија за добрата волја да им подари на Македонците од Албанија верски календари. На средбата се нагласи потребата за повеќе соработка.


 

www.ilinden-tirana.com

Честито Воскресението Христово – Велигден

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо, ви честита Воскресението Христово – Велигден. Нека е честит празникот и за многу години. Со почит


Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај




Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë, ju uron Gëzuar Pashkët – Krishti u Ringjal. Gëzuar festën dhe për shumë vite. Me respekt


Shoqata maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë  Kryetar z. Nikolla Gjurgjaj

Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë  Kryetar z. Ylli Halilaj


www.ilinden-tirana.com

Македонците од Албанија да се враќаат во родните краишта по студиите во матичната земја

Нашата основна заложба треба да биде што повеќе деца етнички Македонци да бидат испраќани на дообразование во Македонија. Тие пак по завршувањето на студиите во матичната држава треба да се враќаат назад во своите краишта од каде потекнуваат и како иден образован и оспособен кадар да придонесуваат за унапредување на положбата секојдневниот живот и на севкупниот статус на Македонците во Албанија. Ова го изјави претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај откако имаше средба со студентите по потекло од Голо Брдо а кои образованието го продолжиле на факултетите во Прилеп. Студентите Фатри Фетаху и Менелаос Халилај кои се етнички Македонци од Голо Брдо ги истакнаа проблемите со кои се соочуват во текот на студирањето, но и за тоа како се интегрираат меѓу врсниците и во градот. Двајцата посетуваат настава на Економскиот факултет и како што истакнуваат задоволни се многу од учењето однесувањето и од прифаќањето од професорите и од колегите.



www.ilinden-tirana.com

Женската репрезентација на Македонија до 19 години со 3-1 победи против Албанија на првиот од двата

Женската фудболска репрезентација на Македонија до 19 години со 3-1 победи против Албанија на првиот од двата пријателски натпревари. Иако гостинките го отворија резултатот со голот на Иларја уште во 3та минута не стигнаа долго да се радуваат на водството. Во 6та минута Теодора Димоска го постигна израмнувачкиот погодок а две минути подоцна Моника Котева биеше за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави повторно Димоска со гол во 14 та минута. Во 37 та минута од натпреварот беше досуден пенал за гостинките за старт врз Уенди но Панчурова со својата одбрана не дозволи резултатско приближување.



www.ilinden-tirana.com