Наставникот што претепа ученици во Оржаново Голо Брдо избркан од работа и приведен од полицијатa
Дисциплинската комисија и раководството на основното училиште во селото Оржаново, Голо Брдо го остранила од работа учителот што претепа ученици, додека полицијата од градот Булќиза го привела, наставник Агим Муча според сведочењето на децата им ги трескал главите на клупите и ги тепал со стап. Децата завршиле во болница. Четири од нив биле потешко повредени. По добивањето третман во болницата во Булќиза, три од нив биле испратени дома, додека едното било испратено и задржано во болница во Пешкопеја.
www.ilinden-tirana.com