Пратеникот Роланд Кета: Состојбата во Голо Брдо за жалење

По реакцијата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонското друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо и репортажата емитувана на локалната телевизија ТВ Булќиза за немањето основни услови за живот во областа Голо Брдо реагираше пратеникот за околијата Пешкопеја во Парламент Роланд Кета. ­Во областа Голо Брдо нема патна инфраструктура нема чиста и здрава вода за пиење нема амбуланти. Жителите од Голо Брдо ја изгубија надежта зашто за овие зони не е ништо направено изјави за ТВ Булќиза пратеникот Кета. Тој додава дека во најголемото село во Голо Брдо доаѓа лекар само еднаш неделно, а дугите денови жителите од оваа област која ја сочинуваат 22 села се оставени како што вели, на “волјата на Бога“. И болницата во Булќиза е во многу лоша состојба додава Кета и нагласува дека не е реновинара повеќе од дваесет години. Како што оценува Кета состојбата во Голо Брдо е за жалење поради што жителите се принудени да го нашутаат родниот крај. Тој додава дека за сотојбата зборувал во Парламентот и оти и понатаму ќе биде гласот на жителите од оваа област за проблемите.


 

www.ilinden-tirana.com