Ариан Спасе нов амбасадор во Унгарија
Со указ на претседател на Република Албанија Бујар Нишани за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Унгарија, е назначен Ариан Спасе допломат од кариера, етнички Македонец. Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. Стерјо Спасе е роден во 1914 година во Глобочани, Мала Преспа cе занимавал со педагошка дејност негово најпознато книжевно дело е романот “Зошто“. Илинден Спасе татко на Ариан Спасе е универзитетски професор во пензија, исто така пишува на албански и македонски јазик. Член е на друштвото на писатели на Република Македонија.
www.ilinden-tirana.com