Македонско друштво ”Илинден”-Тирана стана рамноправен член на мрежа на младински организаци
Фидана Ќуланџиу како претставник на Друштвото присуствуваше на 22 јуни 2016 година на Генералното собрание на младински лидери на Тирана, кое се одржа во Младинскиот центар во Тирана. Ова Собрание имаше за цел:
1. Презентација на резултатите од иницијативите, активности во лидерство за преземање на заеднички активности во текот на првите 6 месеци од 2016 година
2. Градење на структура за управување ( управен комитет ) на младински лидерски Тирана
3. Дискусија по предложените внатрешни правила на младинската мрежа
Инаку “Младински Лидери“ е младинска мрежа во Тирана која е составена од претставници од 30 младински организации и форуми на политичките партии на локално ниво во Тирана. Основана е во 2012 година а до денес покажува исклучителни резултати во ангажирањето на младите во Албанија.



www.ilinden-tirana.com

















