Мониграфија за големитот писател Стерјо Спасе од македонско потекло
На 17.06.2016 година во просториите на Европскиот универзитет во Тирана беше промовирана Монографија за животот и делото на писателот Стерјо Спасе, Македонец по потекло од село Глобочани, општина Пустец во областа Мала Преспа, Албанија. Монографијата е авторско дело на неговиот син Илинден Спасе кој ја изврши и нејзината промоција. Стерјо Спасе е роден 1914 година во Глобочани а починал во 1989 година во Тирана. Тој е познат писател од македонско потекло и еден од најзначајните претставници на современата албанска поезија. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни песни.
www.ilinden-tirana.com