Репрезентација на Македонија до 18 години: Победа со 2:0 над Албанија
Младата репрезентација на Македонија до 18 години во контролен натпревар против селекцијата на Албанија на 15 јуни 2016 година во Поградец, Албанија издвојува победа со 2:0. Македонската репрезентација го одигра дуелот на едно високо ниво создаде многу повеќе можности за погодок од својот противник и сосема заслужено на крајот славеше победа со 2:0. Трапановски рано уште во 7 минута погоди за предност на Македонија. Во продолжението од средбата пропуштивме многу добри прилики за постигнување погодок. Конечните 2:0 ги постави Митровски во 40. минута. Треба да се напомене и дека избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ играа со играч помалку уште од 25 минута од средбата.

www.ilinden-tirana.com