Македонско друштво „Илинден“ од Тирана – учесник на Националниот младински конгрес

Македонско друштво “Илинден”-Тирана денес учестуваше на Вториот Национален младински конгрес на Албанија што се одржа во Младинскиот центар во Тирана. По втор пат на Националниот младински конгрес присутни беа и претставници на Македонската заедница во Република Албанија. Во Конгресот учествуваа педесет младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот е можност да се запознаат подобро младинските организации кои работат во Република Албанија и да се зајакне нивната соработка. Конгресот се реализира со поддршка на германската Фондација “Фридрих Еберт”. Сите организации кои учествуваа на Конгресот беа презентирани со постер во текот на целиот Конгрес.


 

 


www.ilinden-tirana.com