vestimk

Кошаркарите на Карпош Соколи ја остварија првата победа на гостински терен кај Тирана

Кошаркарите на Карпош Соколи од Карпуш, Скопје Република Македонија ја остварија првата победа на гостински терен и тоа во пресметката кај Тирана (100-83) во рамки на претпоследното коло од прелиминарната група Б од Балканската лига (БИБЛ). Овој триумф воедно значи голем исчекор кон втората фаза од ова натпреварување за нашиот клуб. Победничката разлика беше обезбедена во третиот период, кој го добивме со дури 16 поени разлика (26-10). Соколите сега се четврти на табелата со скор 4-5 во пресрет на последниот дуел против Фени индустри на домашен терен, закажан за следната среда. Драган Зековиќ со 25 и Филип Шепа со 22 поени беа најдобри стрелци, Бојан Трајковски реализира 12, а Дарко Соколов и Доминик Мавра по десет поени.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Среќна Нова Година и Св.Василиј – Василица

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Нова Година 2017 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

 

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден“-Тирана до српскиот Патријарх СПЦ г.г Иринеј Гораните се Македонци

 

 

Македонскo друштво “Илинден”-Tирана го смета скандалозен став изнесен од српскиот Патријарх Иринеј во обемното интервју за телевизискиот канал на СПЦ, ТВ.ХРАМ во врска со етничката припадност на Горанците. Патријархот на СПЦ г.г Иринеј ги прогласи за одродени Срби. Српскиот патријарх на СПЦ г.г Иринеј тврди дека Горанците биле Срби, кои го зборувале најчистиот српски јазик. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана посочува дека во областа Гора не постои српско малциство, во областа Гора има македонско малциство, македонскo друштво “Илинден”-Tирана го потсетува српскиот патријарх дека горанскиот говор е македонски јазик. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана барања од српскиот Патријарх на СПЦ г.г Иринеј во иднина да не ги нарекува Македонците во областа Гора како Срби без основа и без никакви аргументи.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

www.ilinden-tirana.com

Излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

 

Ве известуваме дека излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија, благодарение на финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада. Разгледницата со народни носи на македонско национално малциство во Албанија содржи слики на кица облечени во народни носи од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник. Ваква разгленица излегува за прв пат и претставува авторско дело на Никола Ѓурѓај, преседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Кај Македонците во Торонто, Канада најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка разгледницата со народни носи на Македонците во Албанија немаше да биде испечатена, за што искрено се заблагодаруваме Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза. Разгледницата со народни носии на македонско малциство во Албанија, ќе се дели низ Албанија но ке се дистрибуира и сред дијаспората во светот.

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение за медиумите:

Македонскo друштво “Илинден”-Tирана и Македонскo друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо го осудува дел од интервјуто дадено од страна на министерот за надворешни работи на Република Албанија г-дин Дитмир Бушати во Топ Ченел на 09.01.2017 министерот го нарекува македонскиот народ славо македонци. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана и Македонскo друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо сметаат дека изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија г-дин Бушати не содветно, неодговорно и навредувачки. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана и Македонскo друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо бара од министерот за надворешни работи на Албанија г-дин Дитмир Бушати во иднина да не направи дефиници без право и без основа. Ние мора да работиме со храброст да се изгради искрени и пријателски односи меѓу Албанија и Македонија.


Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

Македонскo друштво “Илинден”-Tирана Огранок Голо Брдо Претседателот г-дин Или Халилај


 

 


Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë dega Gollobordë dënon pjesë të intervistës të dhënë nga Ministër i Punëve të Jashtme të Shqipërisë z.Ditmir Bushati në top-channel në daten 09.01.2017 ministri e quan popullin maqedonas, slovo maqedonas. Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë dega Gollobordë e konsiderojnë deklaratën e dhënë nga Ministër i Punëve të Jashtme të Shqipërisë z.Ditmir Bushati të papërshtatshme dhe të papërgjegjshme dhe një fyerje e rëndë për popullin maqedonas dhe dinjitetin e minoritetit maqedonase në Republikën e Shqipërisë. Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë dega Gollobordë kërkon nga Ministër i Punëve të Jashtme të Shqipërisë z.Ditmir Bushati në të ardhmen mos bëjë përcaktime të pa drejte dhe të pa baza. Duhet të punojmë me kurajo për të ndërtuar marrëdhënie të sinqerta e miqësore ndërmjet Republikës së Shqipërisë dhe Reppublikës së Maqedonisë.


Shoqata maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë Kryetar z.Nikolla Gjurgjaj

Shoqata maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë Kryetar z.Ylli Halilaj

 

http://top-channel.tv/lajme/artikull.php?id=345068#k1

 

www.ilinden-tirana.com

Македонската Алијанса: Јавен повик за поддршка на Македонците од Голо Брдо и Гора

 

 

Јавен повик за поддршка на Македонците од Голо Брдо и Гора во Албанија

Почитувани,

Во врска со соопштението на Македонско друштво “Илинден“ од Тирана кое преку својот Претседател Никола Ѓурѓај ја информира Македонската јавност за незавидната положба во која се наоѓаат Македонците од Голо Брдо и Гора кои се завеани од снежното невреме и целосно заборавени од локалната и централна власт на Албанија.

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го упатува следниот повик:

Македонската Алијанса ги повикува сите општествено-политички чинители во Татковината да го дигнат својот глас и да побараат од Албанската Влада на Еди Рама, веднаш и без одлагање да преземе се што е во нејзина надлежност да им помогне на нашите браќа и сестри кои живеат во Голо Брдо и Гора.

Во овие целосно запоставени региони во Албанија, живеат околу 30 илјади Македонци кои во овие поларни студови се соочуваат со недостаток на електрична енергија, непроодност на патиштата и намалени резерви на лекови во амбулантите. Страшно е сознанието е што локалните власти на Либражд, Булќиза и Кукус каде после неправедната територијална организација од 2015, припаднаа Голо Брдо и Гора, и во вакво снежно невреме не покажуваат агилност да им помогнат на нашите браќа и сестри Македонци.

Кога може Еди Рама да се меша во нашите внатрешни прашања со образложение дека се грижи за Албанците кои живееле во Македонија, тогаш можеме и ние да покажеме грижа за Македонците кои живеат во Албанија. Сметаме дека незаинтересираноста на централната и локалната власт на Албанија да им помогне на завеаните Голо Брдо и Гора е многу повеќе политички проблем отколку неспособност на нивните институции.

Македонските политички партии во Татковината освен што треба заеднички веднаш да побараат од Албанската Влада да интервенира и да ја санира конкретната состојба со снежното невреме во Голо Брдо и Гора, истовремено мора час поскоро да се обединат за конкретни барања за положбата на Македонците во Албанија.

До Владата на Еди Рама да се достават барања за ратификација на повелбата за регионални и малцински јазици на Совет на Европа, за признавање на Македонското малцинство, за еднаков третман на Македонците од Голо Брдо и Гора со оние од Мала Преспа, изучување на Македонски јазик, како и преиспитување на административната поделба од 2015 и признавање на Уставното има на Република Македонија.

Македонските политички партии мора да подигнат нивото на демократска и политичка битка и преку заедничка активност со конкретни постапки да ја унапредиме поддршката за нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија и кои со децении водат битка за основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик.

Остварувањето на овие права е предуслов за силна и економски просперитетна Татковина!

 

www.mkalijansa.org.mk

Соопштение: Kатастрофална состојба од снегот во областа Голо Брдо и Гора

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го повикува Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани, со денови нема електричната енергија. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден“- Тирана Огранок Голо Брдо учестува на зимскиот камп Снежна Македонија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестува на зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” со четри деца Македонци од областа Голо Брдо присутен беше и Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” под покровителство на Министерството за надворешни работи се одржа од 3 до 8 Јануари во Крушево, Република Македонија. На кампот учествуваaт деца Македонци од Албанијаи и Србија. Зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” е дел од поширокиот владин проект “Далеку,а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло а особено најмладите негување на македонскиот идентитет и создавање долгорочни врски со Република Македонија и македонската култура. Учесниците ги поздрави и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на културниот идентитет. На учесниците на овогодинешниот камп им беа доделени благодарници, книги на македонски јазик и новогодишни пакетчиња.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com

Честит Раѓањето Христово – Божик. Христос се роди!

Почитувани Македонци и Македонки, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитамe Раѓањето Христово – Божик. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај 
Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател Ули Халилај

 


Të dashur Maqedonase dhe Maqedonas, në emër të Shoqatës Maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë, ju urojmë Gëzuar Krishtlindjet. Gëzuar festën dhe për shumë vite. Krishti lindi!

Shoqata maqedonase ‘’Ilinden”-Tiranë Kryetar z. Nikolla Gjurgjaj
Shoqata maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë Kryetar z. Ylli Halilaj

Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

Продолжува традицијата новогодишна честитка на македонски јазик беше емитувана на албанската државна телевизија во централната информативна емисија – Дневник во16 и во 20 часот. Честитката ја упати Нико Китани, член на Државниот комитет за малцинства при албанската Влада претставник на македонското национално малциство. Новогодишните празници се време кога си ги потврдуваме нашите искрени честитки. Ги испраќам моите најискрени желби да им ја честитам Новата 2016 година на сите Македонци било каде и да се и на сите граѓани на Република Албанија. Ви посакувам добро расположение за време на новогодишните празници со желба за добро здравје, среќа и уште поголеми успеси во годината што доаѓа. Етничката припадност и политиката да ја тргнеме на страна, да ни биде второстепен дел од нашиот живот. Да се здружиме сите заедно само така можеме да изградиме подобра иднина за сегашните и идните генерации, стои во честитката на Китани. За првпат честитка и на македонски јазик беше емитувана 2015.

 

 

www.ilinden-tirana.com