Македонско друштво “Илинден“-Тирана до српскиот Патријарх СПЦ г.г Иринеј Гораните се Македонци

 

 

Македонскo друштво “Илинден”-Tирана го смета скандалозен став изнесен од српскиот Патријарх Иринеј во обемното интервју за телевизискиот канал на СПЦ, ТВ.ХРАМ во врска со етничката припадност на Горанците. Патријархот на СПЦ г.г Иринеј ги прогласи за одродени Срби. Српскиот патријарх на СПЦ г.г Иринеј тврди дека Горанците биле Срби, кои го зборувале најчистиот српски јазик. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана посочува дека во областа Гора не постои српско малциство, во областа Гора има македонско малциство, македонскo друштво “Илинден”-Tирана го потсетува српскиот патријарх дека горанскиот говор е македонски јазик. Македонскo друштво “Илинден”-Tирана барања од српскиот Патријарх на СПЦ г.г Иринеј во иднина да не ги нарекува Македонците во областа Гора како Срби без основа и без никакви аргументи.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот г-дин Никола Ѓурѓај

 

www.ilinden-tirana.com