Кошаркарите на Карпош Соколи ја остварија првата победа на гостински терен кај Тирана

Кошаркарите на Карпош Соколи од Карпуш, Скопје Република Македонија ја остварија првата победа на гостински терен и тоа во пресметката кај Тирана (100-83) во рамки на претпоследното коло од прелиминарната група Б од Балканската лига (БИБЛ). Овој триумф воедно значи голем исчекор кон втората фаза од ова натпреварување за нашиот клуб. Победничката разлика беше обезбедена во третиот период, кој го добивме со дури 16 поени разлика (26-10). Соколите сега се четврти на табелата со скор 4-5 во пресрет на последниот дуел против Фени индустри на домашен терен, закажан за следната среда. Драган Зековиќ со 25 и Филип Шепа со 22 поени беа најдобри стрелци, Бојан Трајковски реализира 12, а Дарко Соколов и Доминик Мавра по десет поени.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com