Македонско друштво “Илинден“- Тирана Огранок Голо Брдо учестува на зимскиот камп Снежна Македонија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо учестува на зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” со четри деца Македонци од областа Голо Брдо присутен беше и Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај. Зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” под покровителство на Министерството за надворешни работи се одржа од 3 до 8 Јануари во Крушево, Република Македонија. На кампот учествуваaт деца Македонци од Албанијаи и Србија. Зимскиот камп “Снежна Македонија-2017” е дел од поширокиот владин проект “Далеку,а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло а особено најмладите негување на македонскиот идентитет и создавање долгорочни врски со Република Македонија и македонската култура. Учесниците ги поздрави и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на културниот идентитет. На учесниците на овогодинешниот камп им беа доделени благодарници, книги на македонски јазик и новогодишни пакетчиња.

 

 

 

www.ilinden-tirana.com