Соопштение: Kатастрофална состојба од снегот во областа Голо Брдо и Гора
Македонско друштво “Илинден“-Тирана го повикува Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да преземат сите неопходни мерки за да се подобри тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и областа Гора. Врнежите од снег во изминатите денови создаде тешка ситуација во областа Голо Брдо и Гора. Како резултат на големи врнежи од снег и ниски температури сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани, со денови нема електричната енергија. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здраствените амбуланти. Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара од Владта и од општините да преземат итни мерки за да се подобри ситуацијата.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај
www.ilinden-tirana.com