Ознака: <span>Македонското друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонското друштво “Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на новиот поглавар на Албанската автокефална православна црква

Македонското друштво “Илинден“- Тирана денеска упати честика до Неговото блаженство архиепископ Јоан,  по повод изборот за поглавар на Албанската автокефална православна црква.

Од мое лично име, во името на друштвото, како и од македонското национално малцинство кое живее во Република Албанија, упатуваме честитки за вашиот достоен избор за архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, стои во честиката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека во речиси тридеценискиот период, како митрополит на корчарската митрополија, ги почитувал сите верници и бил почитуван од сите нив и му се посакува „долга и одлична служба како Првосвештеник“.

Под Ваше раководство, автокефалната православна црква на Албанија ќе продолжи да биде силен столб на верата, мирот и духовните вредности за верниците и за целото албанско општество. Ви честитаме од с è срце, стоиме со голема почит и љубов во Бога, посакувајќи ви долга и одлична служба како Првосвештеник, се посакува во честитката.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати телеграми со сочувство до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски

Претседателот  Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во име на друштвото и Македонците во Република Албанија, до претседателката Гордана Силјановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски, упати телеграми со сочувство за трагедијата во Кочани.

Се наведува дека со длабока болка Македонците ја примиле веста за националната трагедија од 16 март,  во која животот го загубија 59 млади, а многу останаа повредени,  дека  чувствуваат, тагуваат и сочувствуваат со настраданите.

Во мое лично име и во името на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам искрено и длабоко сочувство до Вас како претседателка и премиер  на Македонија и до семејствата на загинатите. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, стои во телеграмата на сочувство.

Веруваме дека ” овие тешки моменти за нашата татковина Македонија ќе бидат надминати и уште еднаш ја изразуваме нашата поддршка и охрабрување за надминување на оваа траорна слика”.

Во овие тешки моменти, срцата на Македонците во Република Албанија се со вас. Бог да биде со семејствата на починатите и повредените и со народот на Македонија”, стои во телеграмите со сочувство.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Радио Тирана Интернационал да биде и на македонски јазик

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во Судскиот округ Тирана со мисија за заштита на македонското национално малцинство во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од Албанската радио телевизија (РТШ) Радио Тирана Интернационал да биде на македонски јазик, како што е на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и ќе биде разгледано за да биде и на македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за претседателка на Собранието

Г-ѓа Елиса Спиропали
Претседател на Собранието на Република Албанија

Дозволете ми во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана во мое лично име, како и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија да ви посакам успех на функцијата претседател на Собранието на Републиката. на Албанија. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржа без резерва и е убедено во вашиот успех. Истовремено, веруваме дека во вашето раководство на Собранието ќе помогнете за подобрување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакувам здравје и успех во работата.

Со почит,

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Македонското друштво “Илинден”- Тирана му го честита реизборот за европратеник на Винче Лорант, претседател на ФУЕН

Македонското друштво “Илинден”- Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности, ФУЕН му го честиташе реизборот за европратеник на Винче Лорат, прв човек на федерацијата.

Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво “Илинден“-Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот парламент и како претставник на Унгарците од Романија во исто време и како претседател на ФУЕН. Ви посакуваме и понатаму да бидете гласот на малцинствата и борец, како и досега, за правата на малцинствата во Европа, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Уште еднаш, се додава,  ја изразуваме нашата највисока почит кон вас.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана за членка на ФУЕН беше примена во февруари 2015 година, каде  успешно ги претставува Македонците во оваа највисока малцинска организација во Европа.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор

Македонското друштво “Илинден”- Тирана денеска официјално испрати честитка до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор изразувајќи и голема поддршка од име на Македонците. Со особено задоволство, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви ја честитам големата победа за претседател на Република Македонија, која ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори, стои во честитката.
Се наведува дека историската победа на претседателските и парламентарните избори,  одржани на 8 мај 2024 година “означува ново поглавје за Република Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина”. Имате огромнa поддршка од Македонците во Република Албанија, затоа што напредокот и благодатта на македонскиот народ во Република Македонија претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот етнички, јазичен, културен и историски идентитет на Македонците во целиот свет.
Почитувана Претседателке на Република Македонија, Ви упатуваме изрази на највисоко почитување, се нагласува во честитката на Македонското друштво “Илинден”- Тирана потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува честитки до првата група студенти кои го завршија првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува честитки до првата група студенти кои го завршија првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана. Драго ни е што со големиот интерес за македонистиката на Факултетот во Тирана се потврди исправноста на заложбите што нашето друштво заедно со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и неговиот тогашен директор, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска ги остваривме во периодот од декември 2022. до септември 2023 година. Со беспоштедната посветеност која тогаш ни ја врати вербата во македонска високообразовна институција и со сите чекори што во содејство со Семинарот тогаш се презедоа овозможија да дојде до овој миг кога повторно, на високообразовна институција во Тирана може да се изучува македонистиката.

Сепак, изразуваме жалење што по промените на раководството на Семинарот, можностите што се обезбедија до септември 2023 година, македонскиот јазик да може да се изучува и во рамките на самите студии, а не само како дополнителен курс, не се искористија и што сега, македонистиката се изучува само преку курс. Нашите заложби беа и се во насока да се дочека денот кога во Тирана ќе има и Катедра за македонски јазик и книжевност, и затоа, и покрај случувањата, по промените, убедени сме дека ќе го дочекаме и тој ден, со нови перспективи за академската и меѓукултурна соработка меѓу Албанија и Македонија.

Се надеваме дека дел од оние студенти што сега, благодарение на заложбите што со Семинарот ги остваривме до ептември 2023 година, можат да учат на Лекторат по македонски јазик, се оние што во времето што е пред нас ќе застанат зад иницијативите за натамошен развој на македонистиката во Албанија.

Посакуваме да се случи македонскиот јазик да започне да се изучува и на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан С. Ноли” во Корча. Долго има најави дека тоа ќе се случи, и според последните информации станува збор за курс, а не за составен дел од основните студиски програми. Убедени сме дека ако се настапува со посветеност со каква што настапи нашето Друштво раководено од претседателот, Никола Ѓурѓај и со огормните заложби какви што направи Семинарот до септември 2023 година со тогашното раководство, бариерите би можеле да се тргнат и во Корча.

За жал, ние и претходното раководство на Семинарот со кое ги отворивме вратите за македонистиката во Тирана не сме дел од актуелните процеси, и иако не се валоризира нашиот влог, Македонското друштво “Илинден“-Тирана постојано е тука за сите студенти што го избраа и со оние што во иднина ќе го изберат курсот по македонски јазик. Тука сме да ги поддржиме во нивната определба за афирмација на македонистиката и веруваме дека ќе успееме во целта.

Целото членство на Друштвото и претедателот Ѓурѓај упатуваат срдечни честитки до сите студенти од Тирана што добија прв сертификат за изучување на македонскиот јазик на курсот на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати честитка до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двојната изборна победа, на претседателските и парламентарните

Македонското друштво “Илинден”-Тирана во име на членовите и Македонците во Албанија денеска упати честитка до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двојната изборна победа,на претседателските и парламентарните.

Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори. Македонските граѓани одбраа кој ќе ги води во наредните четири години. ВМРО-ДПМНЕ со која Вие успешно раководите има направено огромен исчекор, имате огромна поддршка од Македонците од Република Албанија, стои во честитката.

Тоа, се додава понатаму, бидејќи напредокот и благодатта на македонскиот народ претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците во соседството.

Во мое лично име и во име на друштвото и на Македонците од Република Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас, убедени во успешноста на владата предводена од вас, за доброто на сите, се нагласува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Благодарници “Илинден“ за Мојсова-Чепишевска и Антоновски за особен придонес за македонското национално малцинство во Албанија

Македонското друштво “Илинден“- Тирана им ги врачи благодарниците „Илинден“ на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и ас. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Признанието им е доделено за особен придонес за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Од името на Македонците од најголемото македонско друштво во Албанија, плакетите им ги врачи неговиот претседател, Никола Ѓурѓај. Како што е истакнато во образложението, признанието се доделува за особени заслуги со ангажман и постојани активности во насока на зачувување и одржување на националниот идентитет на Македонците во Република Албанија. Преседателот на Друштвото, Ѓурѓај истакна дека и овој пат, за ова традиционално признание биле предложени повеќе институции и поединци, но од предложените се избрани оние кои со својата работа најмногу придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата и културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Досегашни добитници на признанието се иклучиво најзаслужните за зачувување и одржување на националниот идентитет на македонското малцинство во Албанија, а одлуката годинешни добитници на благодарницата “Илинден” да бидат и Мојсова-Чепишевска и Антоновски е донесена по повод 15-годишнината од формирањето на Друштвото.

По врачувњето на плакетите и искажување на благодарноста што им ја упатуваат Македонците од Албанија, Ѓурѓај оствари и работна средба со Мојсова-Чепишевска и Антоновски. На средбата се разменија идеи и мислења за содејствување во конкретни натамошни активности во областа на филологијата и културата кои се очекува да придонесат за заштита и афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот, верскиот и историскиот идентитет на македонско национално малциство во Република Албанија. Истовремено, Ѓурѓај разговараше со Мојсова-Чепишевска и Антоновски и за продлабочување на соработка со нив преку неколку проекти кои ќе го зајакнат меѓукултурниот дијалог и ќе претставуваат нови мостови што ќе ги поврзуваат македонската и албанската култура.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го актуализира барањето за 24-часовно функционирање на граничниот премин Џепиште –Требиште

Македонското друштво “Илинден“-Тирана повторно го актуелирира барањето владите на Албанија и Македонија, да го реализираат договореното, граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо да функционира 24 часа.

Бараме од владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, што е неопходно потребно за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни на границата. Исто така ќе им се помогне многу на Македонците од областа Голо Брдо, зашто ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, а и поголем број туристи ќе ја посетуваат областа, која располага со многу природни убавини и културно историски споменици, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека на заедничката седница на владите на двете земји, одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена била  одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана.

Преминот беше отворен во мај 2013 година и  право да го користат имаат само жителите од граничниот регион. По исградбата на асфалтен пат од албанска страна се патува и со моторни возила. Во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.

Последните години се забележува зголемена фреквенција, што продолжува и во првите два месеца, кога се регистрирани вкупно 7.052 патника што е за над  15 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.

Според статистиката на македонското мiнистертво за  внатрешни работи на влез регистрирани се вкупно 3.643 додека на излез 3.409 патници. Одделно, на влез регистрирани се 165 а на излез 150  македонски и 3.478 странски државјани на влез, односно 3259 на излез.