Ознака: <span>Македонското друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија.

“Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и во посакам успех на вашата позиција како министер за Европа и надворешни работи. Mакедонското национално малцинство во Република Албанија му изразува целосна поддршка и оти е убедено во неговиот успех.

“Во исто време, веруваме дека под ваше водство ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакуваме здравје и успех во вашата работа како министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

17 години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, а со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонско национално малциство во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во овие 17 години им посвети посебно внимание на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа, Гора и Врник.

Од особено значење за работата и информирањето за активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана е објавувањето на Македонски весникот “Илинден” кој покрај печатеното има и електронско издание. Македонски весник “Илинден” излезе на печатење во Март 2011 година во Тирана, и единствен весник на Македонците во Република Албанија, што излегува во печатна и електронска верзија. Македонскиот весник “Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми со ISSN 2522-6282. Македонски весник “Илинден” е дел од три агрегатори на вести time.mk,  grid.mk , daily.mk и vesti.mk . Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија

Долгогодишната присутност на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во Федералната унија на европските националности и други меѓународни организаци ја покажа потребата од назначување на Меѓународен кординатор на Македонско друштво “Илинден“- Тирана што беше реализирано во 2023 година.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од 17 години

оствари безброј средби со многу државни институции во извршната и локална власт, а соработката ја проширивме со невладиниот сектор, во земјата и странство.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана е член на Федералната унија на европските националности од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Како активен партиципиент во ФЕУН, членови на Друштвото досега учестува во сите конгреси и поднесува резолуци, што придонесува Македонското друштво “Илинден”-Тирана рамноправен член и силен глас на Македонското национално малциство во Федералната унија на европските националности.

Оваа година, за прв пат во Република Албанија, Македонското друштво “Илинден“ – Тирана ќе биде организатор и домаќин на семинарот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности, активност што се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство во Европа, претставува голема чест и секако благодарност за активноста на Македонското друштво “Илинден“ и историска за Македонците во Република Албанија.

Во изминатите 17 години како претседател на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, заедно со моите соработници, имавме можност да оствариме бројни работни и официјални посети, да се сретнеме и да соработуваме со владини институции, како во Република Албанија, така и во матичната држава Република Македонија, како и со меѓународни организации.

При сите реализирани средби со претставниците на државните институции во Република Албанија, во матичната држава Република Македонија и европските институции ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Иако не секогаш наоѓаме заедничко или задоволително решение за одреден проблем, сепак должна благодарност искажувам на сите државни институции во Република Албанија, и во матичната држава Република Македонија и низ светот.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на борбата за правата на македонско национално малцинство во Република Албанија, за унапредување на положбата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.

Во чест на 17 години од постоењето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана сакам да ги повикувам сите државни институции како и сите политички партии и невладиниот сектор во Република Албанија и во матичната држава Република Македонија да дадат поддршка на Македонците во Република Албанија, да дават поддршка во контунитет за решавање на проблемите што се сочуват и да спречиме асимилацијата од бугарија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет и македонското културно наследство.

Посебно благодарност сакам да упатам до сите што помогнале на Македонско друштвото “Илинден“-Тирана во овје 17 години.

Да му се множат годините на Македонското друштво “Илинден”-Тирана а за неговите постигнувања оставаме повеќе да каже историјата.

Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави.

Да се вечни Македонците во Република Албанија! Да живее албанското – македонско пријателство!

Со почит,

Никола Ѓурѓај                                                                                                                             

Претседател на Македонското друштво “Илинден“- Тирана

Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал.

Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија.

Во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство директно ја напаѓа Македонска алијанса за европска интеграција и нејзиниот претседател. Овие емисии претставуваат продолжение на долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и македонскиот идентитет.

Ервис Талури, роден и израснат во Албанија, од татко Албанец и мајка Македонка, по целосно школување, финансирано и организирано од бугарската држава – од средно образование до докторски студии – денес се враќа во Албанија како „експерт“ за бугарско малцинство, со задача да ги негира Македонците, да ја напаѓа македонската партија и да ја релативизира вистината.

Таквата политика, која користи методи од 19 век, е спротивна на европските вредности и основните човекови права.

Но јавноста мора да знае: зад оваа пропаганда стои добро организиран механизам. Друштвото за бугаро-албанско пријателство со години е поврзано со бизнисот со бугарски пасоши, каде од албански граѓани се наплаќаат илјадници евра за „докази за потекло“, лажни потврди и посредување. Овој криминален модел не е тајна – за него имаше апсења и во самата Бугарија и Албанија, а дел од инволвираните лица завршија и на меѓународни црни листи.

И покрај притисоците со кои сме постојано соочени – преку разни методи, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ќе продолжи одлучно да се бори против негацијата на македонскиот идентитет од страна на бугарските оркестрирани структури, како во Албанија, така и во европските институции.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Ова едогласно е одлучено на 28. семинар на работната група на словенските малцинства што се одржува во Горица, Италија, во чија работа учествува и Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ова е многу значаен, би го оценил историски ден за Македонците во Република Албанија. Нашето друштво за првпат во 2026 година, ќе биде организатор и домаќин, на семинарот на работната група на словенските малцинства (АГСМ)  при ФУЕН, настан што се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство во Европа. За нас тоа е голема чест и секако вреднување на нашата активност, изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Групата е основана во 1996 година, во неа членуваат 33 асоциации од цела Европа а од 16 мај 2015 година, кога Македонското друштво “Илинден“- Тирана стана полноправна членка на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) е дел од оваа гупа.

На семинарот и оваа година биле презентирани извештаи за моментната состојба на словенските малцинства во Европа, а биле договорени и идните активности на работната група.

Во тие рамки Ѓурѓај презентирал извештај за положбата на Македонците во Република Албанија и проблемите што ги застегат, како и на активностите на нашето друштво.

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Aлбанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Соопштение за медиумите: Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.

На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседант бидеќи е државна инситуција каде живе Македонско население призната од албанска држава.

Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонците во Република Албанија.

И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското население.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за Министерка за Европа и надворешни работи

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за Министерка за Европа и надворешни работи.

Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата Министерка за Европа и надворешни работи и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех.

Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Министерството за Европа и надворешни работи ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, од име на македонското национално малцинство во Република Албанија, му го честиташе изборот, за претседател на парламентот, на Нико Пелеши.

Дозволете ми, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви гочеститаме изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Албанија и да ви посакаме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех.

Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Собранието ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, стои во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана десет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН)

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред десет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир, Партија на Турското малциство во Грција.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие десет години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонско друштво “Илинден“-Тирана да се плати годишната чланарина и да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во европа.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Претседателот Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Република Албанија.

Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото.

Воедно, Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Република Албанија дел од своите верски календари.