Tag: <span>Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана</span>

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод 23 октомври- Ден на Македонската Револуционерна Борба

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки,по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација,која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, се наведува во честитката. Честитајќи им го денот, на сите Македонци каде и да се на земјината топка, друштвото потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е „еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот за обнова на македонската државност“. Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана: Министерот Цакај со изјавата во Софија ги навреди Македонците во Албанија

Македонско друштво „Илинден”-Тирана изразува разочарување во врска со изјавата на овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, дадена на средбата со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во Софија. Друштвото смета дека е несоодветна и недолична изјавата на Цакај, дека „бугарското етничко малцинство во Албанија служи како мост меѓу двата народа“, алудирајќи дека во Албанија живее бугарско малцинство. Македонско друштво “Илинден”-Тирана го потсетува Цакај, дека во Албанија и во регионите каде Бугарија ги лоцира, до сега официјално Бугари нема и дека е крајно некоректно од министерот на Албанија да ги понижува и потценува сопствените жители Македонци намерно нарекувајќи ги Бугари. Јасно е дека, во односите меѓу Софија и Тирана, измислувањето на Бугарите во Албанија е направено со уцена заради албанското пристапување во Европската Унија, стои во реакцијата на друштвото. Се посочува дека до 2017 година, во ниту еден официјален попис или документ на Албанија немало и нема Бугари на територијата на Албанија, поради што друштвото смета дека е недозволиво висок државен функционер, како министер за надворешни работи, да ја злоупотребува позицијата за потценување на Македонците во Албанија, од кои „тој и неговата партија, на секои избори бараат гласови од Македонците“. Со последната изјава министерот Цакај, тој го навреди македонското малцинство во Албанија и искажа една историска лага за постоење на Бугари во Албанија. Со оглед на тоа што Европската Унија се декларира како демократски сојуз на држави, Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од европските институции да им наложат на бугарските власти она што го бараат од Албанија да го применат и кај себе во однос на постоечкото македонско малцинство во Бугарија. А за почеток, признавање на основните човекови права на Македонците во Бугарија, права кои важат за секој човек во светот, сто во рекцијата. Истата пракса, според Македонско друштво “Илинден”-Тирана, треба да се примени и врз Грција која и во 21 век одбива да ги примени општите правила за однесување кон малцинствата на нејзина територија. Исто така, Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро ги осудува злоупотреба на правото на вето на Бугарија за членство на Албанија во Европската Унија што беше „основната изнуда за да во албанскиот Закон за заштита на националните малцинства донесен во 2017 година, покрај, Македонците, Грците, Власите, Ромите, Црногорците, Србите, Египќаните и Бошњаците, дa го впише и непостоечкото бугарско малцинство“.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод 1000 години Бигорски

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, до Свештената бигорска обител и до сите православни верници, по повод големиот јубилеј 1000 години од основањето на манастирот. Во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден”-Тирана и на сте Македонци во Албанија дозволите да го честитам 1000- годиншниот јубилеј од основањето на Бигорскиот манастир „Св Јован Крстител”. Овој 1000-годишен македонски духовен дом на многу генерации православни верници ни останал како завештание од основачот, поглаварот Охридски Јован Дебранин и со вековното постоење стана нераскинлив дел на секој православен Македонец, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај. Се додава дека ова наследено завештание, ние треба да го сочуваме и да го оставиме на следните македонски генерации. Во оваа пригода, вам ви посакуваме многу здравје, успеси, во продолжувањето на македонската традиција и македонската духовност. Посакуваме, македонските православни граѓани да се поучуваат од вашите богоугодни дела во насока на зачувување и унапредување на македонскиот духовен бисер, Бигорскиот манастир. Честа и достоинственоста да ве следат и постојано да сте на браникот на заштитата на македонската православна вера. Ви испраќаме изрази на наше длабоко почитување и благодарност за досегашниот ваш влог во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и нејзините македонски верници,се наведува во честитката. Друштвото има воспоставено добра соработка со Бигорскиот манастир и со г.Партениј, со чиј благослов во неколку наврати помогнати се црквите во деловите каде што живеат Македонци. За искажаната грижа друштвото на г. Партениј му ја додели почесната награда „Илинден”, која за првпат беше воведена по повод десет годишнината од формирањето.

Македонско друштво “Илинден”-Tирана по повод 10-годишнината од излегувањето на првиот број од Македонски весник “Илинден” распишува конкурс за дизајн на лого

Логото треба да ги одразува досегашните активности на Македонски весник “Илинден”, а истото ќе се користи во текот на 2021 година. Во предлогот треба да се содржани основните елементи и тоа: – основни податоци за дизајнерот; – предложеното лого треба да биде компјутерски изработено во висока резолуција; – објаснување на предлог – дизајнот.
Општи услови за учество на конкурсот:
1.Предлог-логото треба да ја изразува концепцијата на 10-годишнината од основањето на Македонски весник “Илинден”.
2.На конкурсот можат да учествуваат средношколци, студенти и професионални дизајнери.
3.Делата мора да бидат оригинални, досега необјавувани а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност.
4.Предлог-логото може да биде од земјата и од странство.
5.Предлозите треба да се достават на е-пошта drustvo.ilinden.tirana@live.com
6.Поднесување на дела од 15 октомври до 15 ноември 2020 година.
7.Поднесените дела ќе бидат објавени на 01 декември 2020 година, а потоа ќе се одржи јавно гласање до 15 декември 2020 година.
8.Победникот ќе го избере комисија за проценка имајќи ги предвид реултатите од гласањето на социјалната мрежа ФБ.
9.Награди: Прва награда Награда “Илинден”, втората награда Благодарница “Илинден”, и третиот сет сувенири од Друштвото.
10.За избраното лого, победникот на конкурсот мора да даде за оригиналност на делото согласно законските прописи, како и изјава за откажување од правото на користење на наменското лого, по што логото станува сопственост на Македонско друштво “Илинден” -Tирана. Македонско друштво “Илинден” -Tирана ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана апелира за помош за операција на Васил Јанкула, преспанскиот херој

Вклучувајќи се во акцијата, Македонско друштво „Илинден“-Тирана, упати апел секој кој колку може да донира средства за операција на Васил Јанкула, кој поради неговата храброст и покрај болеста, познат е како преспански херој. Васил Јанкула (29), Македонец од Албанија роден е во селото Туминец, Мала Преспа. Боледува од церебрална парализа поради породилна траума по време на породувањето и од таму и асфиксиja. Оваа болест полека почнала да биде негова препрека во животот. Но, и покрај ова опака болест позитивен дух и животен ентузијазам секогаш го водеа напред. Несакајќи оваа моја болест да го изолира и со желба да напредува во животот како и сите нормални луѓе, избра попреченоста да не го спречи активно да спортува. Велосипедизмот е мојот втор живот, мојата преродба која ме прави среќен и ми создава голем адреналин, како и желба за нови и невозможни предизвици. Покрај болеста, сепак јас сум позитивен и не дозволувам негативните мисли да ме победат. Благодарение на мојот ентузијазам во 2018 година одлучив поактивно да спортувам и почнав да возам трицикл на различни настани и маратони, под едно мото „Сите сме исти “. Одлучив да направам еден подвиг и со мојот трицикл да ја поминам Македонија. Успеав да ја реализирам зацртаната маршрута и така станав познат како преспански херој,вели Јанкула. Во 2019 година со трицикл испел да извози 3.000 километри за 3 месеци, што,како што вели,го направило среќен и успешен. Но, за жал, наскоро по овие достигнувања, неговото здравје почнало драстично да се влошува. Лекарите му дијагностицирале детска церебрална парализа – Спастична Квадриплегиja. Тоа е најтешката форма на церебрална парализа која влијае на целото тело, на главата, и на рацете и на двете нозе, без ментална ретардација, меѓутоа со говорна попреченост. Бидете хумани! Секому може да му се случи, Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со писателот Милан Ј. Јовчески

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Прилеп, оствари средба со Македонскиот писател Милан Ј. Јовчески. Писателот објавува книги од древното минато на македонскиот народ, култура и цивилизација. Тој нуди обемна архивска граѓа, задржувајќи се на античкиот локалитет Алкомена, а преку приказната на Македонецот ги раскажува приказните на другите Македонци. Јовчески ги напишал и творбите “Сведоци на милениумите”, “Беломорска болка”, “Македонски непокор”. Во таа пригода, писателот Милан Ј. Јовчески беше запозната со најновите активности на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, а беше истакната и потребата од соработка на полето на културата. Соговорниците беа согласни дека треба да се прошири соработката. Со верба дека ваквите средби нема да бидат инцидентни, Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, посака плодна и долготрајна соработка, писателот Милан Ј. Јовчески донираше книги за Македонско друштво ”Илинден”-Тирана.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда на изјавите на Каракачанов

Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Красимир Каракачанов од 9 септември годинава “Си го сменивте името изнамето, ќе ја смените и историјата“, како дрска најава за блокада на преговорите на Првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија, доколку Македонија не го исполни Договорот од 1 август 2017 година за ревизија на македонската историја со епилог Македонците како Бугари, Македонскиот јазик како дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија како дел од Бугарија! Македонците во Албанија  ги осудуваат софиската агресија, ревизионизам и иредентизам кон Македонскиот народ и Македонија! Македонците во Албанија го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија и Македонците во обидите за повампирување на руската креација на Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, како неизживеана романса која никогаш не постоела, ниту кога и да е ќе се оствари, но претставува територијални претензии на Софија кон Македонија и отворена закана спротивна на добрососедските односи! Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ја повикува интелектуалната и демократската јавност во Европа и светот најостро да ја отфрлат софиската агресија, ревизионизам и иредентизам за повторна окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ! Македонците и Македонија не смеат повеќе да бидат жртви на шарлатански партии и умноболни поединци во соседна Бугарија кои наместо мир и љубов шират омраза и војна, расизам и апартхејд врз Македонците во татковината и во светот! Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на Македонскиот народ во целина!

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод Илинден упатија честика до сите Македонци. Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковина Македонија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Курбан Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

Македонците во Албанија целосно го поддржуваат барањето на МАЕИ за загарантирани места за малцинства во парламентот

Во име на сите Македонци во Албанија, нивните друштва предводени од Заедницата на Македонците, преку заедничко соопштение искажаа целосна подршка за барањето на единствената македонска партија во оваа земја, Македонска алијанса за европска интеграција и иницијативата на пратеникот Васил Стерјовски, во Изборната реформа малцинствата да имаат загарантирани места во парламентот на Албанија. Искажуваме целосна и безрезевна подршка, зашто никој подобро не може да ги претставува малцинските етнички заедници во законодавниот дом на Албанија, како што тоа ќе го прават нивните пратеници. И никој не може подобро да ги брани и адресира проблемите на малцинските етнички заедници во албанското општество од самите нив, стои во заедничкото соопштение. Очекуваат Парламентот на Албанија да ја прифати иницијативата за гарантирани пратенички мандати на малцинските етнички заедници и во таа смисла ги поздравуваат напорите на пратениците за постигнување на таа цел. Сметаат дека Македонците во Албанија треба да имаат пратеник во Парламентот и министер или заменик министер во Владата на Албанија. Исто така сметаме дека македонско – албанските билатерални односи треба да се градат на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира взаемно разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес. Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија како гаранција за еднакви меѓу еднаквите и рамноправни со рамноправните, се наведува во заедничкото соопштение. Соопштението е потпишано од Заедницата на Македонците, македонско друштво „Илинден“-Тиранa, организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, етно-културното друштво “Гора” ,политичко – културното друштво “Мир”, како и македонските друштва „МЕД“ (Македонско – егејско друштво), „Мост”- Требиште, област Голо Брдо и „Прегор”-Подградец.