Народниот правобранител одговори на дописот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за загриженоста околу пописот
Народниот правобранител одговори на дописот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“.
Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и „северно Македонци“ на англиски јазик, од Институтот за статистика, ИНСТАТ.
Во одговорот меѓу другото стои дека во однос на првата загриженост на припадниците на македонското малцинство, дека резултатите се фалсификувани и изманипулирани, со цел намалување на бројот на прпадниците на македонското малцинство побарале објаснување од ИНСТАТ, но не добиле одговор.
Што се однесува до втората вознемиреност, околу употребата на терминот „Северна Македонија“ на албански јазик и „Сверено Македонци“ на англиски, во прегледот за етничката припадност, побаравме од ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница, стои во одговорот на народниот правобранител.
Народниот правобранител во одговорот се заблагодарува за искажаната доверба на Македонското друштво “Илинден“-Тирана како кон институција и додава дека и во иднина, како и до сега, максимално ќе се ангажира во почитувањето на правата на националните малцинства и заштита на нивните права согласно меѓунароните стандрарди.