Ознака: <span>Македонски весник “Илинден”</span>

Излезе од печат 70 издание на македонскиот весник „Илинден“

Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 70.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава, изјави Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Во ова издание, покрај другото објавени се написите:

  1. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе биде домаќин на следниот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности
  2. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
  3. Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден“- Тирана
  4. Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Болзано, Италија
  5. Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот  учестуваше на состанок на Работна група на словенски малцинства
  6. Македонско друштво “Илинден”-Тирана му честишаше на ВМРО-ДПМНЕ за големата победа на локалните избори
  7. Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
  8. Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје
  9. Почина Славица Гаџова Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)
  10. Телеграма од Македонско друштво “Илинден”-Тирана со сочуство до семејството на Славица Гаџова Свидерска
  11. Македонско друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија
  12. Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
  13. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа
  14. Ѓурѓај: Извештајот на ФУЕН e десетгодишен труд на македонско друштво “Илинден“-Тирана
  15. За девет месеци на граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо минале 36.938 патници или 9 отсто повеќе споредено со лани
  16. Авантуристички парк во Студено областа Голо Брдо нов чекор за туристичко оживување на областа Голо Брдо
  17. Почна со работа Специјалната собраниска комисија “За административно-територијална реформа“

На први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број на весникот, од мај 2017 година весникот е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.coм

Во септември истата година, е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: time.mk, grid.mk, daily.mk и vesti.mk

Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија

 

Македонски весник “Илинден” почна сорбаотка со весникот „Нова Македонија“

Македонски весник “Илинден” почна сорбаотка со весникот „Нова Македонија“ првиот дневен весник на македонски јазик од далечната 1944 година нај голем весник во Македонија. Сега Македонски весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, Македонски весник “Илинден” стана прв весник на Македонци од Република Албанија и Балканот што е дел од порталот на весникот „Нова Македонија“.

Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник му се заблагодарува на тимот на весникот „Нова Македонија“.

Првиот број на Македонски весникот „Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и Македонија и кај сите Македонци во сосеството и диаспора.

Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Република Албанија, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво “Илинден“,-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

Македонски весник “Илинден” стана дел од нај големата платформа за вести vesti.mk

Македонски весник “Илинден” стана дел од нај големта платформата за вести vesti.mk. Vesti.mk е агрегатор на најнови вести од 150 македонски веб сајтови. Сега Македонски весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, Македонски весник “Илинден” стана прв весник на Македонци од Република Албанија и Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести. Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник му се заблагодарува на тимот на vesti.mk.

Првиот број на Македонски весникот „Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и Македонија и кај сите Македонци во сосеството и диаспора.

Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Република Албанија, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво “Илинден“,-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај донираше комплет од весникот “Илинден“ на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”

Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на настанот организиран од Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид” по повод денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид. На овој настан, за почесни членови на нашата Установа се прогласени проф д-р Павле Митрески и проф. д-р Наум Целакоски. Во состав на чествувањето беше и промоцијата на соработката на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”. При тоа, од страна на г-динот Ѓурѓај донираше комплет од македонскиот весник “Илинден“ и други изданија на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. За пригодата тој ја искажа својата верба дека изданијата ќе ја збогатат збирката на литература и периодика за Македонците во Албанија, која се наоѓа во Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”. Во својата реч, г-дин Ѓурѓај изрази благодарност до г-дин Милчо Јованоски, за соработката и интетесот за донацијата на македонскиот весник “Илинден“ и другите изданија на Друштвото. Од своја страна и раководство на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид” му беше искажана благодарност на претседателот на Никола Ѓурѓај донацијата, нагласувајќи дека со неа се збогатува фондот на Библиотеката со овој значаен информативен материјал за живото и делувањето на Македонците во Албанија. Во оваа прилика, Македонското друштво “Илинден“-Тирана му го честита денот на патронот на Охрид и на вработените на Национална Установа Библиотека “Григор Прличев – Охрид”, со верба за натамошна соработка.

Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми и е првиот весник на македонското малцинство во Албанија кој е дел од платформата

Македонскиот весник “Илинден“ стана дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, членови на АEM се 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. Алијансата ги штити своите членки од нефер притисоци и напади. Алијансата за етички медиуми е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на Етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации. Македонскиот весник “Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија кој е дел од платформата на Алијансата за етички медиуми, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија. Македонскиот весник ‘‘Илинден“ и главниот уредник на весникот Никола Ѓурѓај му се заблагодаруваат на Одборот на Алијансата за етички медиуми, кој одлучи македонскиот весник ‘‘Илинден“ да биде член на АEM. Македонскиот весник “Илинден“ излезе во февруари 2011 година во Тирана, тој е весник на Македонското друштво “Илинден“ -Тирана и единствениот македонски весник во Република Албанија што излегува во печатена и електронска форма. Македонскиот весник ‘‘Илинден“ продуцира и емитува информации на македонски јазик. Се објавуваат вести за Македонците во Република Албанија, Македонија, Албанија, Балканот, Европа и светот, политички вести, економски, културни, спортски и интервјуа. Македонскиот весник ‘‘Илинден“ се стреми да има стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективна презентација на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност во креирањето вести.

Македонски весник “Илинден” ви посакува Среќна Нова 2022 година

Македонски весник “Илинден” на сите свои читатели им посакува среќна Нова 2022 година, исполнета со спокој, слога, радости и добро здравје. Во Новата година, никој да не ви застане на патот и сите соништа да ви се остварат. Нека ви е среќна, весела и бериќетна 2022 година!

Десет години постоење на македонскиот весник „Илинден“

Пред точно десет години, на 1. март 2011 година како двоброј  (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник „Илинден“ како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Изминативе десет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот.

Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на редакцијата од „Илинден“ како и комуникацијата преку профилите на весникот на социјалните мрежи со читателите, забележуваме дека во десетгодишниот период весникот прерасна во сериозен медиум од чии вести и теми се напојуваат сѐ поголем и поголем број на корисници од македонското националнo малцинство во Република Албанија.

Македонскиот весник „Илинден” досега има испечатено 45 изданија, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com

На тој начин нашиот весник стана достапен за целокупната јавност: за сите Македонци во Албанија, регионот и цел свет. Истата година, од септември 2017 македонскиот весник „Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk

Мисијата на нашиот весник и понатаму останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија. И понатаму остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Албанија и на Македонија, како и од Македонците ширум светот.

Редакцијата на „Илинден” ја користи оваа прилика да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Од тогаш до денес, весникот „Илинден“ дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија, и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на верната читателска публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија и го приближи македонскиот литературен јазик за нивна комуникација, изразување и творење.

Да нѝ се множат јубилеите и понатаму.

Со почит,

Никола Ѓурѓај

Главен и одговорен уредник на македонскиот весник „Илинден“