Ознака: <span>Честитка</span>

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод празникот Свети Климент Охридски

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македоци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем хрисијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата.Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност. Ваквите негови доблести нека бидат пример за секој од нас посебно во ова време на пандемија со Ковид-19,за да се избориме со овој невидлив, опасен непријател и да продолжиме кон подобра иднина, се наведува во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод 1000 години Бигорски

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, до Свештената бигорска обител и до сите православни верници, по повод големиот јубилеј 1000 години од основањето на манастирот. Во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден”-Тирана и на сте Македонци во Албанија дозволите да го честитам 1000- годиншниот јубилеј од основањето на Бигорскиот манастир „Св Јован Крстител”. Овој 1000-годишен македонски духовен дом на многу генерации православни верници ни останал како завештание од основачот, поглаварот Охридски Јован Дебранин и со вековното постоење стана нераскинлив дел на секој православен Македонец, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај. Се додава дека ова наследено завештание, ние треба да го сочуваме и да го оставиме на следните македонски генерации. Во оваа пригода, вам ви посакуваме многу здравје, успеси, во продолжувањето на македонската традиција и македонската духовност. Посакуваме, македонските православни граѓани да се поучуваат од вашите богоугодни дела во насока на зачувување и унапредување на македонскиот духовен бисер, Бигорскиот манастир. Честа и достоинственоста да ве следат и постојано да сте на браникот на заштитата на македонската православна вера. Ви испраќаме изрази на наше длабоко почитување и благодарност за досегашниот ваш влог во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и нејзините македонски верници,се наведува во честитката. Друштвото има воспоставено добра соработка со Бигорскиот манастир и со г.Партениј, со чиј благослов во неколку наврати помогнати се црквите во деловите каде што живеат Македонци. За искажаната грижа друштвото на г. Партениј му ја додели почесната награда „Илинден”, која за првпат беше воведена по повод десет годишнината од формирањето.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод Илинден упатија честика до сите Македонци. Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковина Македонија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Курбан Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

Македонско друштво „Илинден“-Tирана упати честитка по повод изборот на Архимандрит Партениј за нов епископ на МПЦ-ОА

По едногласниот избор на игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, за нов епископ во МПЦ – ОА, и понатаму приситигнуваат честитки од научни работници, здруженија, друштва, месни заедници и многубројни поединци од земјава и од странство. Меѓу низата со честитки е и онаа на претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај, кој во свое и во име на друштвото и сите Македонци во Албанија наведува дека со посебна радост ја примиле веста за неговиот избор. „Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво „Илинден” -Тирана, и од името на македонското национално малцинство во Албанија, да Ви го честитам изборот за нов епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Ви посакуваме како и до сега, честа и достоинственоста да ве следат и постојано да сте со нас,-стои меѓу другото во честитката. Посебна радост, како што се наведува, чувствуваат поради одлуката отец партенииј и понатаму за остане во Бигорскиот манастир. „Ви испраќаме изрази на наше длабоко почитување и благодарност за досегашниот ваш влог во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзините македонски верници и помошта и подршката за божјите храмови во селата каде што живеат Македонци, се наведува во честитката.

Честитка по повод Свети. Кирил и Методиј од Македонско друштво “Илинден”-Тирана

По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, стои во честитката. Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови,живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана за Фитер Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. До Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. Нека надвладее чувство на хуманост и солидарност,главните карактеристики на месец Рамазан. За многу години, стои во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува месецот верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и „Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости“.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до православните верници. Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, – се вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана. Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,стои во честитката и се додава дека празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.