Ознака: <span>Честитка</span>

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

По повод големиот христјански празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Македонско друштво “Илинден “-Тирана му посакува успех на претседателот Бајрам Бегај со верба дека ќе се заложи за подобрување на правата на Македонците во Република Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана му посакува успех во извршувањето на функцијата претседател на Албанија на Бајрам Бегај, кој синоќа и официјално ја презеде фунцијата. Дозволете ми во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана и од мое лично име да ви посакам успех на функцијата претседател на Република Албанија. Посакувајќи ви успех во извршување на функцијата, веруваме дека ќе се залагате за подобрување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакувам здравје и успех во работата, стои меѓу другото во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод утрешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Честито 24 мај денот на македонските и сесловенските просветители Свети. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица

Почитувани Македонци и Македонки. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Свети. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот на многу следни години. Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас.
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни верници во Македонија за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение и Ви посакам честит и благословен Велигден, благосостојба на нашата татковина Македонија и радост во срцата на сите Македонци во земјата, регионот и во светот.

Среќен Летник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакуваме среќен Летник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7- 8 ми Март

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7- 8 ми Март. – стои во честиткатаа на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Водици

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба, се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивни исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник,Ваше Блаженство. Бог се јави

Честитка за Божик од Македонското друштво „Илинден”-Тирана

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски Г.г. Стефан и до сите православни верници. Дозволете од мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонци кои живат во Албанија, Вам лично, на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје и среќа, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Мир божји, Христос се роди,- стои во честитката на македонското друштво „Илинден“-Тирана.