Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод празникот Свети Климент Охридски
По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво „Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македоци во Албанија упатуваме честитки по повод денешниот голем хрисијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата.Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката. Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност. Ваквите негови доблести нека бидат пример за секој од нас посебно во ова време на пандемија со Ковид-19,за да се избориме со овој невидлив, опасен непријател и да продолжиме кон подобра иднина, се наведува во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.