Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан
Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. До Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. Нека надвладее чувство на хуманост и солидарност,главните карактеристики на месец Рамазан. За многу години, стои во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува месецот верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и „Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости“.