Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Горан Ангелов директорот на Агенцијата за иселеништво

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Агенцијата за иселеништво во Скопје, оствари работна средба со директорот на Агенцијата, Горан Ангелов и Билјана Костова, раководител на сектор за одржување и унапредување на врските со иселениците.

Мојот ценет соговорник го информирав за состојбата на македонското национално малцинство во Албанија. Посебно го нагласив фактот дека како друштвото  активно се грижи за правата и положбата на Македонците во Албанија, како и за чувањето на македонската култура и традиции, информираше Ѓурѓај.

Исто така разговарале и околу македонскиот весник “Илинден”, кој преку своето  печатено и онлајн  издание  информира за активностите на Македонците не само во Албанија туку и во иселеништвото, бидејќи друштвото соработува и се вмрежува со иселенички организации во целиот свет.

Му заблагодарив на директорот Ангелов за срдечната средба и донирав примероци од весникот, со цел истите да бидат дел од библиотеката на Агенцијата за иселеништво, рече Ѓурѓај.

Директорот Ангелов, пак на Никола Ѓурѓај му подарил икона од Светецот Свети Никола, во знак на благодарност за долгогодишната активност во заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.

/** * Front to the WordPress application. This file doesn't do anything, but loads * wp-blog-header.php which does and tells WordPress to load the theme. * * @package WordPress */ /** * Tells WordPress to load the WordPress theme and output it. * * @var bool */ define( 'WP_USE_THEMES', true ); /** Loads the WordPress Environment and Template */ require __DIR__ . '/wp-blog-header.php';