Ознака: <span>Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана</span>

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска.

На Конгресот учествуваа околу 200 делегати од 40 земји, претставници на околу 100 членки на Федералната унија на европските националности. Во рамките на Конгресот беа разменети мислења за актуелните случувања и предизвици поврзани со политиките кон националните малцинства во Европа.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана веќе единаесет години е рамноправна членка на ФУЕН и редовно учествува на конгресите, состаноците и другите активности на организацијата.

За време на Конгресот, Никола Ѓурѓај оствари повеќе средби со претставници на европски организации и национални малцинства, при што беа разменети мислења за актуелните прашања од интерес за малцинските заедници.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со:

г-ѓа Оливија Шуберт, претседателка на Федералната унија на европските националности

г-дин Хартмунт Липнер, претседател на Работната група на словенските малцинства  и потпретседател на Федералната унија на европските националности

г-дин Наби Ибраимтзик, потпретседател на Федералната унија на европските националности

г-дин Франк де Боер, потпретседател на Европската слободна алијанса (ЕФА)

Јозеф Бураниц, претседател на Хрватското културно друштво во Градишќе, и г. Мартин Керстингер, генерален секретар на Хрватското културно друштво во Градишќе, Бургенланд, Австрија

г-ѓа Тања Новотни Голубиќ, заменик-жупан на Бјеловарско-билогорската жупанија од редовите на припадниците на чешкото национално малцинство

г-ѓа Наталија Ермаков, претседателка на Естонскиот сојуз на националните малцинства во Тлаин, Естонија

г-дин Хартмунт Липнер, претседател на Работната група на словенските малцинства  и потпретседател на Федералната унија на европските националности и г-дин Еуген Бан, оперативен секретар во Здружението на словенечки спортски клубови во Италија

Средбите претставуваа можност за продолжување на соработката со партнерските организации и за размена на искуства во врска со положбата, правата и активностите на националните малцинства во Европа.

Учеството на Македонското друштво “Илинден“-Тирана на 70. Конгрес на ФУЕН во Хелсинки претставува продолжување на неговото активно учество во работата на европската организација и во меѓународните активности посветени на националните малцинства.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај во рамките на ФУЕН, конгресот учествуваше на состанок на работната група на словенски малцинства

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржува во Хелсинки, Финска, денеска учествуваше на работен состанок на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН.

„Во името на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, имав презентација за Македонците во Република Албанија“, рече Ѓурѓај.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер

Фото: Македонски весник “Илинден“

Фото: Македонски весник “Илинден“

Фото: Македонски весник “Илинден“

Претседателот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер се заблагодари за успешното организирање на семинарот во Тирана од страна на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Семинарот во Тирана беше еден од најбројните и претставуваше значајна промоција на македонското национално малцинство. Токму семинарот и активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана беа во фокусот на денешниот состанок, кој традиционално се организира во рамките на секој конгрес на ФУЕН.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенски малцинства.

Во Работната група на словенски малцинства од Европа членуваат 32 организации, кои се рамноправни членки на ФУЕН.

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај и градоначалникот на Прилеп, Проданоски разговарале за унапредување на соработката

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата.

Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. Добив цврста поддршка за друштвото, во рамки на можностите на локалната власт, објави Ѓурѓај. Додава дека размениле мислење околу соработката на културен план, со настапи на македонски фолклорни групи од Албанија во Прилеп и обратно.

Му заблагодарив исто така за грижата кон учениците и студентите Македонци од Албанија, кои се школуваат во образовните институции во Прилеп, додава Ѓурѓај.

На Проданоски му донирал примероци од изданијата на македонскиот весник “Илинден”, кој е “главниот и битен гласник кој информира за активностите, проблемите и прашањата на Македонците во Албанија”.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија.

На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија.

Додава дека средбата минала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за продлабочување на соработката од заемен интерес. Посочува дека Друштвото е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Албанија, мисија која продолжува со несмалена динамика.

Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител на Република Албанија.

Благодарницата “Илинден“ за 2025 година ѝ беше доделена на институцијата Народен правобранител на Република Албанија за заложбите и поддршката што ги дава за Македонците во Република Албанија, како и за поддршката на македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Огромна чест ми беше, во име на друштвото и на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја предадам Благодарницата “Илинден“ . На средбата беа присутни Ендрит Шабани, Народен правобранител, генерален секретар на Народен правобранител, г-дин Фатбард Зенелај и г-ѓа Вилма Шурда, комесар на генералниот оддел.

Го запознав Народниот правобранител со работата и моменталните активности на друштвото, посебен акцент во разговорот беше ставен на клучните прашања за македонците во Република Албанија.

Срдечна благодарност до Народниот правобранител за неговата безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови, кои ни даваат сила и мотивација да продолжиме со нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура.

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, Македонија разговарале околу поддршката што Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата.

Чест и задоволство ми беше што имав срдечна средба со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје. На работната средба беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Mакедонското национално малцинство во Република Албанија, рече Ѓурѓај.

На Никчевски во името на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана му подарив копи од Македонски весник “Илинден“, и брошура на македонски јазик кој беше за првпат објавено од Федералната унија на европските националности, на македонски јазик и разгледницата „Народни носии на Македонците во Албанија“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што се одржува  во Болзано во Јужен Тирол, Италија од 23 до 26 октомври 2025 година. Присутни се околу 30 земји членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата. Македонското друштво “Илинден”-Тирана веќе десет години, од кога е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на сите конгреси и други активности. Присутни од 38 земји и над 118 организации членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент, г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности, Претседателот на работната група на словенски малцинства (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер.

Г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент

Г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности

Г-дин Бернд Фабритиус комесар на Сојузната влада на Германија за прашања поврзани со етничките германски преселници и националните малцинства во Сојузна Република Германија

Претседателот на работната група на словенски малцинства (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер

Г-ѓа Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција

Г-дин Елвин Кадиров, преставник на Кримските Татари и г-дин Џенгиз Ковач, претседател на Здружение на младински сојуз на Република Косово

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Република Албанија.

Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја предадам на почитуваниот Лорант Винце, претседател на ФУЕН,  почесната награда ”Илинден” доделена на ФУЕН за оваа година.

 

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорски манастир

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамки на престојот во државава, на 06.08.2025 година го посети и познатиот Бигорски манастир.

Покрај средбите со првите луѓе на неколку општини и институции, неизоставно, како и секогаш престојував во Бигорски манастир, кој дава голема поддршка за нас Македонците во Албанија, информираше Ѓурѓај.

Секогаш ми е задоволство, додава, да се сретнам со отците во ова светилиште, како и сега остварената со архимандрит Кирил, на која непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија, како и со активностите на друштвото.

На срдечниот разговор искажан е заеднички став за унапредување на соработката, но и продолжување на помошта што Бигорски манастир ја дава за црквите каде што живеат Македонци во Албанија, нагласи Ѓурѓај, кој за манастирот донирал примероци од изданијата на весникот “Илинден”.

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата.

Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. Добив цврста поддршка за друштвото, во рамки на можностите на локалната власт, рече Ѓурѓај.

Додаде дека размениле мислење околу соработката на културен план, со настапи на македонски фолклорни групи од Албанија во Прилеп и обратно.

Му заблагодарив  исто така за грижата кон учениците и студентите Македонци од Албанија, кои се школуваат во образовните институции во Прилеп, посочи Ѓурѓај.

На Јовчески му донирал примероци од изданијата на македонскиот весник “Илинден”, кој е “главниот и битен гласник кој информира за активностите, проблемите и прашањата на Македонците во Албанија”.