Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Д-р Кирил Пецаков актуален пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за градоначалник на Охрид
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 21.10. 2021 година оствари средба со Д-р Кирил Пецаков актуален пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за градоначалник на Охрид на престојните Локални избори. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Д-р Кирил Пецаков за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.
Низ дискусијата, Д-р Кирил Пецаков покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како иден градоначалник на Охрид, Д-р Кирил Пецаков искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на Д-р Кирил Пецаков и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.