Tag: <span>г-дин Никола Ѓурѓај</span>

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај во Министерството за надворешни работи на Македонија оствари средба со г-дин Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Филип Тосевски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Албанија. Секако, г-дин Филип Тосевски беше информиран и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи г-дин Филип Тосевски покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија, и многу отворено се разговараше за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во Албанија. Секако, во опсегот на неговите надлежности, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, искажа подготвеност да помогне за подобрување на малциските права на Македонците во Албанија. За непосредната и срдечна средба, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло му се заблагодарува на г-дин Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 20. 01. 2023 година во Собранието на Република Македонија оствари средба со Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Александар Николоски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше г-дин  Николоски, за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија и за одредени иницијативи кои што може да се покренат во Собранието.

Пред се се разговара околу целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо кој што е потребен за да можат полесно да комуницираат луѓето од двете страни на границата. Потребно е македонската влада да даде поголема поддршка на активностите кои ги имаат Македонците во Република Албанија преку програмите кои ги има МНР пред се за Македонците кои живеат во соседните држави. Низ дискусијата г-дин Александар Николоски, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, во опсегот на надлежностите, искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Д-р Кирил Пецаков актуален пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за градоначалник на Охрид

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 21.10. 2021 година оствари средба со Д-р Кирил Пецаков актуален пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за градоначалник на Охрид на престојните Локални избори. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Д-р Кирил Пецаков за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Д-р Кирил Пецаков покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како иден градоначалник на Охрид, Д-р Кирил Пецаков искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на Д-р Кирил Пецаков и подари Македонски весник “Илинден” топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Александар Николоски, Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 03.11. 2020 година во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, оствари средба со Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Александар Николоски, Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, и г-дин Александар Николоски, за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Низ дискусијата, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и г-дин Александар Николоски, Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, во опсегот на надлежностите, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи почесната награда „Илинден” на пратеникот и претседател на МАЕИ Васил Стерјовски

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, во просторите на албанскиот парламент се сретна со пратеникот и претседател на Македонска алијанса за евопска интеграција, Васил Стерјовски, и лично му ја врачи почесната награда „Илинден”. Чест ми беше да се сретнам со Стерјовски, единствениот пратеник од МАЕИ во албанскиот закондавен дом и голем борец за правата на Македонците,со кого имавме срдечна средба. Му ја врачив наградата „Илинден“ што годинава, по повод 11- годишнината од формирањето на друштвото му ја доделивме, изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата на Стерјовски му е доделена за неговите активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет и правата на македонската заедница во Албанија. Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во унапредување на правата и подорување на условите за живот на Македонците. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест што е поттик повеќе да продолжам во мојата мисија, рекол меѓу другото Стерјовски. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Годинава наградата освен Стерјовски ја доби и Проф. Д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје. По повод денот на формирањето, друштвото додели и пет багодарници на поединци и институции. Македонското друштво “Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај оствари средба со Проф. Мишко Џидров Проректор за настава во Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 14.02.2020 година во Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев“-Штип оствари средба со Проф. Мишко Џидров, Проректор за настава и студенти. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Проф. Мишко Џидров за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија. Воедно, Проф. Мишко Џидров беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на студентите Македонците од Албанија што учат во Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Секако, во опсегот на надлежностите, Проф. Мишко Џидров искажа подготвеност да помогне за подобрување на соработката меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.