Ознака: <span>Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана</span>

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со Агон Ферати, министер за односи меѓу заедниците на Република Македонија

Во рамките на „Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан“, во Академскиот центар Санкелмарк, во Оверзе, покраина Шлезвиг-Холштајн во Германија, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретна со Агон Ферати, министер за односи меѓу заедниците на Република Македонија

На средбата беа разменети мислења за можностите за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка, со посебен акцент на зачувувањето на националниот идентитет, почитувањето на различностите и зајакнувањето на меѓусебното разбирање, на министерот Ферати му беше подарен примерок од македонскиот весник “Илинден“.

Фото:Македонски весник “Илинден”

Беше истакнато значењето на отворениот дијалог, меѓусебното почитување и континуираната соработка како важни предуслови за градење општество засновано врз принципите на еднаквост, толеранција и почитување на правата на сите заедници.

Средбата претставува можност за продлабочување на комуникацијата и соработката во насока на унапредување на малцинските права и зачувување на националниот и културниот идентитет.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учествуваше на Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан

Во Академскиот центар Занкелмарк (Akademiezentrum Sankelmark), во Оеверзе, Сојузна Република Германија, од 1 до 4 ноември 2026 година се одржа Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан, посветен на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузивното управување и заштитата на правата на националните малцинства.

На настанот учествуваа високи претставници од Германија, Данска и земјите од Западен Балкан, меѓу кои Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Главните теми на дијалогот беа размената на искуства, споделувањето добри практики и унапредувањето на меѓународната соработка во заштитата на правата на малцинствата.

Единствен претставник од Република Албанија беше Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и претставник на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Неговото учество претставуваше значајна можност за меѓународна афирмација на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и за претставување на неговите интереси и перспективи во разговорите за еднаквост, меѓуетнички дијалог и социјална кохезија.

Фото: Македонски весник “Илинден”

Меѓу високите учесници беа Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања на Република Македонија; Агон Ферати, министер за односи меѓу заедниците на Република Македонија; Дирк Шредтер, шеф на Државната канцеларија и министер за дигитализација на Шлезвиг-Холштајн; Јоханес Калсен, комесар за национални малцинства на Шлезвиг-Холштајн; Ненад Рашиќ, министер за заедници и враќање на Република Косово и Елберт Красниќи, министер за администрација на локалната самоуправа на Република Косово.

Во текот на дијалогот беа презентирани успешни практики од регионот, меѓу кои основањето канцеларија на комесар за национални малцинства во Бијелина, Босна и Херцеговина, како и воспоставувањето платформа за дијалог меѓу Општина Тетово и ромските организации.

Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан беше организиран во соработка со Мрежата за компетенции за малцинствата на Шлезвиг-Холштајн и Јужна Данска (MKN), која се спроведува од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), со поддршка од Покраината Шлезвиг-Холштајн (Schleswig-Holstein).

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на манастирот „Св. Јован Крстител“- Бигорскиот манастир

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, го посети Бигорскиот манастир.

При посетата, Ѓурѓај оствари средба со г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на манастирот „Св. Јован Крстител“- Бигорскиот манастир.

„Секогаш ми претставува особено задоволство да се сретнам со г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, како и со отците од Свештената бигорска обител“, истакна Ѓурѓај.

На средбата се разговарало за проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија, како и за активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, информираше Ѓурѓај.

Во текот на срдечниот разговор бил изразен заеднички став за унапредување на соработката, како и за продолжување на помошта што Бигорскиот манастир ја дава за црквите во местата каде што живеат Македонци во Албанија.

„Бигорскиот манастир и понатаму останува значаен поддржувач на Македонците во Албанија, а нашата цел е соработката да продолжи и дополнително да се унапредува“, нагласи Ѓурѓај.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана.

Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.

Додава дека го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво.

Искажав голема благодарност за честа да се сретнам и да поразговарам со г.г. Стефан и во оваа прилика, му подарив и примероци од македонскиот весник “Илинден“ и Брошурата на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН на македонски јазик, нагласи Ѓурѓај.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје

На 23 јуни 2026 година, по покана на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, која се одржа во Скопје.

Конференцијата беше организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите  и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов.

Настанот претставуваше значајна платформа за промоција на дијалогот, меѓусебното разбирање, единството и мирот, преку размена на идеи и искуства меѓу учесници од различни земји и области.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на АГСМ и потпреседател на ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со друштвото, му ја врачи почесната награда “Илинден“ на д-р Хартмут Лајпнер претседател на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) и потпретседател на ФУЕН и на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН

Почесната награда “Илинден“ за 2026 година беше доделена на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН, за особен придонес кон македонското национално малцинство во Република Албанија и за поддршката на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

„Огромна чест ми беше, во име на друштвото и на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја предадам почесната награда на почитуваниот д-р Хартмут Лајпнер“, истакна претседателот Никола Ѓурѓај.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 28-тиот семинар освари средби со преставници на словенските малцинства во Европа

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 28-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа.

На семинарот присуствува 33 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН од дванаесет Европски земји.

Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Фото: Матиц Гермовшек Жнидаршич, Никола Ѓурѓај, Хартмунт Липнер, Рената Тришлер

Претседателот на работната група, Хартмунт Липнер, Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) и координаторката на Работна група на германски малцинства (АГДМ) Рената Тришлер, во канцеларијата на ФУЕН во Берлин.

Она што беше исклучително позитивно за Македонците во Република Албанија беше фактот дека се презентира “Положбата на Македонците во Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и проблемите што ги застегат Македонците во Република Албанија за по широка јавност.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше во Горица, Италија на 28 – ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 28 -ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН) се одржи од 20 до 23 ноември 2025 година во Горица, Италија.

Настанот беше организиран од ФУЕН во соработка со локалните организации на словенечките малцинства „Свет Словенских Организација“ (SSO), „Словенска културно-господарска ѕвезда“ (SKGZ) и „Словенска Скупност“ (SSk), собирајќи претставници на словенските малцинства од цела Европа.

Покрај другите, во работа на семинарот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. На овој семинар од страна на претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај беше презентиран “Положбата на Македонците во Република Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и проблемите што ги застегат Македонците во Република Албанија.

Главната компонента на семинарот работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) и оваа година беше извештаите за моменталната состојба на словенските малцинства во Европа и нивната дискусија, размената за минатите и идните активности на работната група ја изгласа и нов Претседател на  работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) г-дин Хартмунт Липнер.

Овогодинешниот семинар се фокусира на состојбата на словенското малцинство во Италија и улогата на прекуграничната соработка во зајакнувањето на правата на малцинствата. Централните теми вклучуваат образование, медиуми, економски развој и видливоста на малцинствата во јавната сфера. Новиот бренд SLOvita на словенечкото малцинство, како и заедничкиот проект „Европска престолнина на културата GO!2025“ во Горица и Нова Горица, ќе послужат како примери за тоа како културните иницијативи можат да ги поддржат малцинските заедници од двете страни на границата.

На семинарот учестуват водечки политички и институционални претставници од Италија и Словенија, меѓу кои и градоначалниците на Горица, Италија и Нова Горица, Словенија, Родолфо Зиберна и Само Турел, Весна Хумар, државен секретар за односи меѓу Словенија и автохтоната словенечка национална заедница во соседните земји, сенаторката Татјана Ројц од италијанскиот парламент и Мија Лорбек, директорка на GO!2025. Нивните придонеси ја истакнат важноста на локалната, регионалната и националната поддршка за политиките за малцинствата.

Програмата, исто така, вклучи тематски придонеси за тоа како меѓународните настани како што се GO!2025 и EUROPEADA 2028 придонесуваат за културната разновидност и го зајакнуваат присуството на малцинските заедници во европскиот јавен живот. Претставници на двете иницијативи, вклучувајќи ја Неда Русјан Бриќ, уметнички директор на GO!2025, и членовите на тимот на EUROPEADA 2028, ќе споделат сознанија за прекуграничната културна соработка.

Покрај дискусиите на семинарот, учесниците се вклучат во локални институции, организации и културни актери на словенечката заедница во регионот, стекнувајќи подлабоко разбирање на нивните секојдневни реалности. Културните активности, вклучувајќи го и традиционалниот концерт „Чецилијанка 2025“ на словенечки хорови.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 33 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Освен активното учество на конгресот што се одржа во Болзано во Јужен Тирол, Италија учествував и на состанок на работна група на словенските малцинства, при ФУЕН. Разговаравме за проблемите на словенските малциства во Европа.

Секој од нас имаше кратка презентација и околу проблемите што ние Македонците ги имавме, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства. Во групата на словенските малциства од Eвропа се 32 организаци, рамноправни членки на ФУЕН.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 конгресот на Федералната унија на европски националности во Болзано во Јужен Тирол, Италија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија.

Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка  е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН.

На сите досегашни Конгреси друштвото “Илинден” е редовен учесник и подносител на резолуции за положбата на Македонците во Албанија.

И сега имаме поднесено резолуција за унапредување на правата на Македонците во Република Албанија.  Очекуваме, како и претходните резолуции за положбата на Македонците да биде едногласно усвоена.

Друштвото редовно има и свој штанд на саемот на учесниците, на кој презентира македонски традиционални јадења, пијалаци, како и примероци од весникот “Илинден” и монографиите со македонски народни носии од сите делови на РАлбанија.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Во овој период редовно учествува на Конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и Резолуци за положбата на македонското малцинство во Република Албанија.